На 16.03 во нашето училиште се одржа работилница со учениците од IV2 одделение на тема „Здрава храна за детство без мана“. Истата беше реализирана во соработка со родители кои преку разговор со учениците ги запознаа со влијанието на здравата храна врз нашето здравје. При тоа беа подготвени зеленчукови и овошни салати, житарици со обезмастено млеко и сок без шеќер. Истите можеа да се вкусат од страна на децата, а тие пак полни со витамини и насмевки плус, среќни го завршија одржаниот час. Благодарност до сите родители за реализацијата на оваа работилница.
Основно училиште "Kоста Рацин" с. Брвеница; ул. Браќа Стефановиќ бб; тел: 044-455-010; е-маил: веб страна: https:// kostaracin.blogspot.com
Sunday, April 1, 2018
Friday, March 16, 2018
Посета на зелен пазар
Учењето и стекнувањето знаење може да биде интересно и многу забавно. Денешната посета беше токму тоа, улогата на зелениот пазар во местото на живеење по предметот Општество во корелација со Математика- мерење во килограми, со учениците од II-1 и II-2 одделение, со одделенските наставнички Снежана Анѓелкоска и Наташа Ѓорѓеска.
Thursday, March 15, 2018
Wednesday, March 14, 2018
Работилница: „Од млеко до млечни производи“
Во
соработка со родителите и одделенскиот наставник Силвана Гиноска, успешно беше
реализирана работилница „Од млеко до млечни производи“.
Родителот Бобан Стојоски ја прифати
поканата за учество во реализацијата на работилницата и учениците од IV одделение ги запозна со млекото како природен извор на
витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена
состојба, како и со производите кои се добиваат од млекото.
Родителот на практичен начин им
презентираше како се прави сирење, учениците внимателно слушаа и набљудуваа, а
на крајот ги вкусија готовите млечни производи.
Tuesday, March 6, 2018
Работилница „Вакцината- заштита на нашето здравје!“
На ден 27.02.2018 година, учениците од V1 и V2 одделение, одржаа работилница во соработка со родител на тема „Вакцината- заштита на нашето здравје!“. Во соработка со одделенските раководители Христина Јованоска и Јасмина Маркоска, родителот им демонстрираше вакцинација (постапка и начин на вакцинирање) по претходно предавање за значењето и важноста на вакцината и вакцинирањето. Учениците активно учествуваа во работилницата со прашања што ги интересираа.
Monday, March 5, 2018
На 01.03.2018 година, одржана е работилница, во соработка со родителите, со наставна единица: „Добредојде Март“, на која учениците заедно со родителите изработуваа украсни алки и ликовни творби со разновиден материјали. Оваа работилница ја изведуваа учениците од 1-1 одделение со одделенскиот наставник, Татјана Ѓорѓевска во соработка со родители.
Sunday, March 4, 2018
Работилница: „Правењето тесто е интересно!“ (Соработка со родители)
На 23.02.2018 година, учениците од VII-1 и VII-2 одделение, одржаа работилница во соработка со родител на тема „Правењето тесто е интересно“. Во соработка со двете одделенски раководители Цветанка Илиевска и Христина Радониќ родителот им ја покажуваше на ученциите постапката за правење на тесто за кифли, перечиња, пица и слично.
Учениците активно учествуваа во работилницата правејќи форми од тесто. Истовремено на учениците им се објаснуваше за хранливата вредност на некои од состојките, како и кои состојки да ги одбегнуваат. На крајот на часот, секој ученик си доби кифла.
Wednesday, February 7, 2018
Работилница: „Здрава храна. за детство без мана!“
Денес во нашето училиште, одделенскиот раководител Весна Видачек со своите ученици, во соработка со родителите успешно реализираше работилница на тема „Здрава храна, за детство без мана“. На учениците им беа посочени здравите намирници кои секојдневно треба да бидат дел од нивната исхрана, колку се тие важни за нивниот правилен раст и развој и во какви комбинации можат да си ги конзумираат секојдневно.
Одбележување на светскиот ден за побезбеден Интернет
По повод светскиот ден за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 06 Февруари, во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници со учениците од осмо и деветто одделение. Целта на овие работилници беше да се поттикнат учениците на позитивна промена на Интернет. Уште од најмлада возраст да превземат контрола врз својата дигитална благосостојба и да ги истражат начините т.е можностите кои Интернетот им ги нуди на позитивен начин. Преку овие работилници учениците исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн заедница влијае врз нив, како да се справат со различни притисоци онлајн, да креираат позитивни пораки и споделуваат почит додека се на Интернет.
За таа цел учениците следеа презентација со содржини кои ги поттикнаа на дискусии за темата.
Потоа, учениците добија задача за размислување за конкретни ситуации од нивното секојдневие на социјалните мрежи, кои требаше...
Monday, February 5, 2018
Посета на производствена фирма
Како дел од наставната програма по предметот Иновации, учениците од 9-то одделение реализираа посета на производствена фирма за мебел „Мебел Дизајн“ која се наоѓа во непосредна близина на нашето училиште. Таму на учениците им беше презентиран целиот производствен процес почнувајќи од компјутерско дизајнирање на мебелот, па изработка по фази низ различни машини и операции и на крајот изложување на истиот во изложбен салон.
Учениците можеа практично да видат како изгледа едно претпријатие, негова структура, производствен процес (влез на суровини, обработка и излез на готов производ). Преку разговор со одговорните лица открија какви иновативни потфати превзема претпријатието за да постигне поголем профит, дали е дел од процесот на глобализација, кои се причините да истото биде поуспешно од својата конкуренција. Информациите кои ги добивме, учениците ги поврзуваа со знаењата што ги стекнаа за време на предавањата на училиште. Како задача, остана да изработат извештај за реализираната посета.
Учествуваме, одбележуваме, се забавуваме!
Дел од учениците од нашето училиште оваа учебна година беа дел во глобалниот настан т.н Дабар 2018. Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар),
наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 1во
одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Прашањата беа вистински предизвик за учениците кои беа наградени со уверенија за учество и покажани добри резултати.
Thursday, December 28, 2017
Патронен празник
О У ,,Коста Рацин“ - Брвеница го одбележа Патрониот празник на своето
училиште 22 декември, денот на раѓањето на големиот македонски
поет, револуционер Коста Рацин, основоположникот на современата македонска
литература. Целиот настан беше проследен со поголем број на активности .Учениците со
помош на своите наставници подготвија културно - уметничка програма со која се
представија пред многубројните гости
и локалната самоуправа.
Дедо Мраз дојде и кај нас!
„Цел месец го чекаа,
песнички му пееја,
стихови пишуваа
и само за него зборуваа.
Ете денес дојде и тој час,
весел Дедо Мраз дојде и кај нас!
Детските срца се стоплија,
а неговите подароци
насмевки измамија.„
Денес во нашето училиште не посети Дедо Мраз, кој со својата појава и позитивна енергија ги развесели не само најмалите ученици, туку и сите други во училиштето, учениците, родителите, наставниците и останатите вработени. Учениците беа среќни на оваа средба и ветија дека ќе бидат вредни и умни и во Новата година. Среќна Нова Година!!!
Wednesday, December 27, 2017
Новогодишни светлечки билборди!
Честитки до сите ученици и наставници од младите програмери- учениците од IX одделение!
Среќна Нова 2018 година!!!
Среќна Нова 2018 година!!!
На час по Програмирање!
Програмерите од IX одделение работеа на следниве теми:
- Електронски калкулатор
- Сцена од цртан филм (Алиса во земјата на чудата)
- Народно оро
како и многу други изработки по сопствена идеја. Резултатите може да ги видите подолу!
- Електронски калкулатор
- Сцена од цртан филм (Алиса во земјата на чудата)
- Народно оро
како и многу други изработки по сопствена идеја. Резултатите може да ги видите подолу!
Thursday, December 21, 2017
Изложба во нашето училиште
„Една слика- милион зборови!
Кога вредните ученици своите мисли на цртж ги редат, само успеси и пофалби ќе следат. “
Во чест на претстојниот Патронен празник на училиштето се одржа првата изложба на учениците од нашето училиште. Учениците под раководство на наставничката по Ликовно образование, ги подготвија своите најубави изработки кои беа изложени во училишниот хол.
Новогодишен базар во нашето училиште
Во пресрет на Новата година, на иницијатива на нашите вредни ученици во училиштето се одржа уште еден Новогодишен базар. Учениците под раководство на одделенските и класни раководители, во соработка со родителите, подготвија интересни изработки кои ги понудија по симболични цени на овој базар. На крајот задоволството се гледаше на лицата на сите учесници во настанот, трудољубивоста на учениците и нивната креативност навистина се скапоцен дар кој треба да се негува и поддржува. Среќни празници!
Thursday, November 30, 2017
Работилница на тема „Берлин“ од часот по Германски јазик
Поради преголемата
заинтересираност за германскиот јазик и главниот град Берлин, четворица ученици
Ивана Даиловска, Јована Трпеска, Ангела Даиловска
и Стефан Марковски поддржани од наставничката по германски јазик Христина
Радониќ, одржаа еден поинаков час по германски јазик, се
со цел сите ученици да се запознаат со Берлин и неговите
знаменитости на поразличен и интересен начин, а напоредно да ги извежбаат и
изучените граматички целини.
По долго размислување како да тоа да се спроведе беа организирани неколку работилници, во кои учениците под раководство на главните ученици- организатори, работеа во групи. Во секоја група имавме
различна активност. Во првата група одбравме неколку графити од Берлинскиот
ѕид, а најталентираните уметници од нашето одделение имаа за задача да
нацртаат по еден графит. Таа активност
беше успешно завршена и графитите беа одлични. Во втората група имавме цитати
на познати личности од Берлин. Дел од нашите соученици преку цитатите го
увежбуваа сврзникот „dass“
(дека). Во третата група употребивме ИКТ. Секој од групата имаше за цел да
истражува на Интернет за одредена знаменитост како на пример Берлинскиот ѕид, Олимпискиот
стадион во Берлин, Еврејскиот музеј и друго.Во четвртата група имавме
сложувалка. Учениците добија зборови кои требаа да ги спојат со дадени слики.Тоа
беа места во Берлин напишани на Германски, а требаше да се поврзат со името на
сликата што ја претставуваа. Во секоја група избиравме по еден победник и
победникот си доби симболична награда (молив). Набавивме и разгледници и
знаменца на Берлин и ги поделивме на учениците, за да имаат по еден спомен од
тој час. Покрај тоа што научивме многу интересни работи за Берлин, вкусивме и
од традиционалната храна на Берлин - крофничките-Berliner.
Се на се ова беше многу интересен и
различен час. Целта на часот беше исполнета и сите бевме среќени и задоволни.Се
надеваме дека и во иднина ќе имаме можност да одржиме некој ваков интересен
час.
Предавање на тема: „Хигиена и грижа за нашите заби“
Преку предавање на нашиот гостин во училиштето- стоматолог, учениците имаа можност да слушнат и научат нешто повеќе за забите, како правилно да се грижат за нив и да одржуваат редовна хигиена. Хигиената значи и половина здравје, учениците се согласија со тоа, научија многу нови работи и дадоа ветување дека редовно и правилно ќе се грижат за своите заби. Со свои лични творби на темата, го збогатија училишното катче со песнички и цртежи кои ќе ги потсетуваат на она што го научија денес.
Monday, November 27, 2017
Ученички изработки од часот по „Проекти од информатика“
Вредните ученици од VIII-2 одделение, на часовите по Проекти од информатика, при реализација на темата „Проекти со програма за цртање“, ги реализираа следниве задачи:
-Цртеж на тема „Природни извори на енергија“ (Интеграција на ЕКО содржина во наставата)
-Фотомонтажа (Комбинација на цртеж и фотографија)
-Цртеж со забавна и едукативна содржина -Сложувалка
-Цртеж креиран преку графички трансформации на дадени објекти.
Дел од најдобрите ученички изработки се тука!
-Цртеж на тема „Природни извори на енергија“ (Интеграција на ЕКО содржина во наставата)
-Фотомонтажа (Комбинација на цртеж и фотографија)
-Цртеж со забавна и едукативна содржина -Сложувалка
-Цртеж креиран преку графички трансформации на дадени објекти.
Дел од најдобрите ученички изработки се тука!
Subscribe to:
Posts (Atom)









































