Wednesday, November 28, 2018

Детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на убавината и животот "

На меѓународната детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на убавината и животот ", први награди добија ученичките Сара Спасеноска и Марија Стојановска од ООУ "Коста Рацин" - Брвеница. Изложбата ја отвори заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Честитки за наградените ученици и уште многу успеси.

Thursday, August 30, 2018

Годишен извештај за работата на училиштето

Годишен извештај за работа на училиштето ,,Коста Рацин,, -Брвеница  за  учебната       2017/18 година                                                                                                                                                                                                                                                                                  
Годишниот извештај е изработен врз основа  на седумте клучни подрачја кои се однесуваат  на главните аспекти на работата на училиштето, базирани  на  присуство на индикаторите за квалитет кои пак се однесуваат на определени активности кои се следеа во училиштето во текот на учебна та 2017/18година.

Клучни подрачја
1.       Наставни програми
1.1   Реализација на наставните програми
Наставните програми на наставниците се изработени според наставните планови за поедини предмети дадени од Бирото за развој на образованието  за учебната 2017/18година.

Tuesday, May 8, 2018

Саем на книгата 2018





ВКЛУЧЕНОСТ НА РОДИТЕЛИ ВО УЧИЛИШТЕТ0

Во процесот на учење секој одделлнски раководител ги планира родителските средби и ја планира вклученоста на родителите преку давање мислења и сугестии за дополнителни измени на секаков вид планирања. Родителот Владимир Новески и Владимир Петроски , претседател на пчеларското здружение „Полошки мед“, на покана од одделенските раководители, Гоце Евгениевски и Југослав Срезоски, изврши едукативно предавање на тема: „ Пчеларство“.
Учениците од 9-1 и 9-2 одд. имаа можност да се запознаат со начинот на одгледување на пчели. Човекот преку изучувањето на билогијата на пчелите и нивното одгледување, ја увидел можноста за производство и искористување на други производи од медоносните пчели. Покрај веќе познатите мед и восок се поинтензивно почнало да се произведуваат и користат и поленот, прополисот, матичнната млеч и на крај и пчелниот отров. Покрај директната корист, најголемото значење што овој инсект го има за природата е способноста за опрашување на растенија, пред се овошните култури.
Гостите практично презентираа дел од опремата која му е потребна на пчеларот, а исто така учениците имаа можност да видат и пчелно семејство.




Wednesday, April 4, 2018

Учество на традиционалниот маскенбал „Економско под маски“


Учениците од деветто одделение на покана од СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар учествуваа на традиционалниот маскенбал „Економско под маски“. Овој маскенбал се одржува по повод денот на шегата и поттикнување на младината на креативност во изложување на првоаприлски маски. Забавата се одржа во ноќниот клуб Хард Рок во придружба на DJ Крис. Забавата изобилуваше со кретивни маски осмислени од страна на средношколците и учениците од основните училишта.




Sunday, April 1, 2018

Работилница „Здрава храна за детство без мана“

На 16.03 во нашето училиште се одржа работилница со учениците од IV2  одделение на тема „Здрава храна за детство без мана“. Истата беше реализирана во соработка со родители кои преку разговор со учениците ги запознаа со влијанието на здравата храна врз нашето здравје. При тоа беа подготвени зеленчукови и овошни салати, житарици со обезмастено млеко и сок без шеќер. Истите можеа да се вкусат од страна на децата, а тие пак полни со витамини и насмевки плус, среќни го завршија одржаниот час. Благодарност до сите родители за реализацијата на оваа работилница.




Friday, March 16, 2018

Посета на зелен пазар

Учењето и стекнувањето знаење може да биде интересно и многу забавно. Денешната посета беше токму тоа, улогата на зелениот пазар во местото на живеење по предметот Општество во корелација со Математика- мерење во килограми, со учениците од II-1 и II-2 одделение, со одделенските наставнички Снежана Анѓелкоска и Наташа Ѓорѓеска.