Основно училиште "Kоста Рацин" с. Брвеница; ул. Браќа Стефановиќ бб; тел: 044-455-010; е-маил: веб страна: https:// kostaracin.blogspot.com
Thursday, May 16, 2019
Wednesday, May 15, 2019
Ликовна изложба на тема "Народната култура како трајна инспирација во моето творештво"- Битола
На 44та државна
изложба на детски ликовни творби на тема "Народната култура како трајна
инспирација во моето творештво" во Битола, учениците од ООУ "Коста
Рацин" - Брвеница, се избрани за НАЈДОБРА ЛИКОВНА КОЛЕКЦИЈА ,и две
поеднинечни награди за најуспешни ликовни творби,од учениците Петар Новески и
Ивица Пероски.
Од останатите ученици беа изложени цртежите.
Thursday, May 9, 2019
Thursday, May 2, 2019
Ликовна изложба- дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“
Oтварање на изложба по
повод Јом Ашоа, во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.
Изложбата е дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
Изложбата е дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
Изложени се делата на ученикот Герардо Сиљаноски од
ООУ " Коста Рацин" - Брвеница.
Wednesday, April 24, 2019
Велигденски базар
Традицијата на одржување базар, во пресрет на големиот празник Велигден, продолжи и годинава. Учениците во соработка со наставниците, но и со родителите, и денес ја покажаа својата креативност и активно учествуваа во подготовките и во реализацијата на овој настан.
Monday, April 1, 2019
Wednesday, March 20, 2019
Работилница- Нашиот крај има минато и традиција
Работилниците се еден голем поттик во воспитно-образовниот процес, придонесуваат за развој на воспитниот триаголник наставник-ученик-родител и обезбедуваат трајни и применливи знаења за учениците. Една таква работилница денес реализираа одделенските наставници Наташа Ристоска и Снежана Анѓелкоска.
Saturday, December 29, 2018
Учество на меѓународна изложба Мини - арт во Велика Плана во Србија
Ученици од нашето училиште по претходно распишан конкурс на слободна тема се избрани да се претстават со свои цртежи на меѓународната изложба Мини- арт во Велика Плана во Србија.
Friday, December 21, 2018
Републичка детска изложба "Творење и креирање на дела од отпад".
Меѓу најдобрите изработени дела се делата од учениците од ОУ "Коста Рацин "- Брвеница и ООУ "Братство Миѓени "- Тетово, под менторство на одговорниот предметен наставник Лина Тренкоска. Секоја чест!
Одбележување на Патрониот празник на нашето училиште
Патрониот празник на нашето училиште, 22 Декември, денот на раѓањето на Коста Рацин, еден од основоположниците на современата македонска литература, беше одбележан со низа активности преку кои ученците под менторство на своите наставници подготвија пригодна програма во која подеднакво уживаа сите присутни. Пред почетокот на приредбата, се одржа Новогодишен базар, на кој учениците ги продаваа своите рачни изработки по симболични цени. Програмата започна со исполнување на химната од страна на учениците како топло добредојде на сите ценети гости, Директорката на училиштето, стручната служба, претставници на Општина Брвеница, претставници на училиштата од околината со кои реализираме долгогодишна успешна соработка, наставници, ученици, родители и сите присутни. Потоа следеа рецитали, драмски и музички точки, настап на играорната група на КУД од Брвеница. На крајот беа доделени благодарници на присутните гости. Како дел од активностите беше реализирана и ликовна работилница, во која учество зедоа ученици од нашето училиште, ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“- М.Брод, ООУ „Братсво Миѓени“- Тетово и О.У „Абдил Фрашери“- Боговиње.
Tuesday, December 18, 2018
Литературно читање- Активности за одбележување на патрониот празник
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, ОУ Коста Рацин организираше Литературно читање на тема "Животот и делото на Рацин" на кое со лични поетски творби се претставија нашите ученици и учениците од ОУ Братство Миѓени од Тетово. Првото и третото место ги освоија учениците од нашето училиште, петтоодделенците Никола Тодороски (прво) и Дамјан Ѓудиќ (трето), а второто место го освои ученичката Сања Денкоска од ОУ Братство Миѓени. Сите учесници добија пофалници за учество.
Monday, December 10, 2018
Гостување во училиштето "Св.Климент Охридски" од Македонски Брод
По повод патрониот празник на училиштето "Св.Климент Охридски" од
Македонски Брод покрај многуте активности, се одржа и ликовна
работилница (сликање врз вода) и поетско читање во кои учество зедоа
ученици од ОУ "Коста Рацин " - Брвеница, со менторите Гоце
Евгениевски,Лина Тренкоска и директорката Ружа Веселиноска
Wednesday, November 28, 2018
Детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на убавината и животот "
На меѓународната детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на
убавината и животот ", први награди добија ученичките Сара Спасеноска и
Марија Стојановска од ООУ "Коста Рацин" - Брвеница. Изложбата ја отвори
заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани
Макрадули. Честитки за наградените ученици и уште многу успеси.
Tuesday, October 30, 2018
Wednesday, October 17, 2018
Tuesday, October 16, 2018
Tuesday, October 2, 2018
Monday, October 1, 2018
Wednesday, September 19, 2018
Monday, September 10, 2018
Monday, September 3, 2018
Thursday, August 30, 2018
Годишен извештај за работата на училиштето
Годишен извештај за работа на училиштето ,,Коста
Рацин,, -Брвеница за учебната 2017/18 година
Годишниот извештај е изработен врз основа
на седумте клучни подрачја кои се однесуваат на главните аспекти на работата на
училиштето, базирани на присуство на индикаторите за квалитет кои пак
се однесуваат на определени активности кои се следеа во училиштето во текот на
учебна та 2017/18година.
Клучни подрачја
1.
Наставни програми
1.1
Реализација
на наставните програми
Наставните програми на наставниците се изработени
според наставните планови за поедини предмети дадени од Бирото за развој на
образованието за учебната 2017/18година.
Tuesday, May 8, 2018
Subscribe to:
Posts (Atom)
















































