Tuesday, April 27, 2021

Велигденска изложба


Lina испрати Денес во 09:43
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, вредните раце на нашите ученици правеа велигденски изработки. Нашето училиште ќе ги наградува најдобрите изработки, и тоа во три категории:
I категорија - од 1 до 3 одд. II категорија- од 4 до 6 одд III категорија од 7 до 9 одд

Сите изработки на учениците ќе бидат поставени на следниов линк:


Гласањето за најдобра изработка ќе трае од 27 Април до 2 Мај.


Wednesday, April 21, 2021

Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески

Учениците од нашето училиште, под менторство на наставничкata Лина Тренкоска, зедоа активно учество на објавениот конкурс за ликовни и литературни дела инспирирани од делата на Блаже Конески.
Меѓу многуте творби, прво место освои ученичката Стефани Костадиноска од IX одделение. 



Friday, April 2, 2021

Недела за подигнување на свесноста за аутизам

    Оваа недела во нашето училиште, во организација на наставничката Лина Тренкоска, беа реализирани низа активности со цел подигнување на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање и инклузија во образовниот процес и секојдневието. 

    Учениците се вклучија во креативна работилница на тема: „Симболот на бесконечност во боите на виножитото“.

    Погледнете дел од нивните изработки:


Анамарија Младеновска 7-1 одд.


Глорија Тодороска  7-1 одд.



Стефани Костадиноска  9-2 одд.

Јована Крстевска  9-2 одд.


                                        

Јована Крстевска  9-2 одд.

Да го разубавиме аутизмот!
#Autismfriendlyschools    #OURCZlatanSremec    #oukostaracinbrvenica



Monday, December 28, 2020

Ученички иницијативи

Активности инцирани и организирани од страна на ученците, а поддржани од наставниците за развој на демократска клима во нашето училиште.

На учениците од прво до трето одделение, кои следат настава со физичко присуство им беше презентирано едукативно видео за однесување за време на пандемија.

За учениците од четврто до деветто одделение, кои следат онлајн настава, беше одржан вебинар, на кој, како гости поканети од страна на учениците беа Доктор по семејна медицина и Психолог, кои одржаа едукативно предавање на теми поврзани со актуелната пандемија.

Mirjana испрати Вчера во 14

Sunday, September 13, 2020

Кодекс за однесување на учениците за време на online настава за учебната 2020/2021 година

 

  • Работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 часа дневно

  • Одморот по секој наставен час или активност трае 10 минути

  • Ученикот треба да го почитува распоредот на часови и времето на реализација на истите

  • Ученикот е должен на време да се вклучи и целосно да го следи часот

  • За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошки мерки утврдени во законот за основно образование

  • Сите отсуства ќе бидат евидентирани и за три неоправдани изостаноци ќе следат соодветни педагошки мерки

  • Доколку ученикот отсуствува пет работи дена, одговорен тим од училиштето е должен да го посети ученикот за да се утврдат причините за негово отсуство

  • За учениците кои немаат услови за следење на online настава ќе им бидат доставени печатени материјали

  • Доколку постојат лични или технички проблеми за не следење на наставата, ученикот е должен на време да го извести класниот раководител

  • Ученикот е должен редовно и навремено да ги изработи домашните и практичните задачи и да ги достави во електронска форма по насока од наставникот, а за учениците кои немаат услови, доставуваат во печатена форма

  • Проверката на знаењата ќе се изведува со физичко присуство со претходно утврден распоред

  • Училиштето изготвува распоред за проверка на знаење на учениците најдоцна две недели пред предвидените термини

Monday, August 24, 2020

Ликовен конкурс- „Омилената приказна од А.С. Пушкин“- 2020.


Во организација на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет, во Јуни оваа година беше организиран ликовен конкурс „Омилената приказна од А.С. Пушкин“- 2020. 

Под менторство на наставничката Лина Тренковска, на истиот учество зедоа нашите ученици со свои дела кои беа наградени со сертификат за учество.





 

Tuesday, August 4, 2020

Учество на детска ликовна работилница

На детската ликовна работилница "Народната култура - трајна инспирација во моето творештво", организирана од НУ Центар за култура од Битола, зедоа учество ученичките Викторија Костадиноска и Мелани Пишовска под менторство на наст. Лина Тренкоска. Работилницата се реализираше преку Zoom, предавањата беа 2 дена на теми: сликарски техники и народното творештво.



Saturday, June 27, 2020

Изложба по повод „Денот на детето“

Учениците од нашето училиште, под раководство на наставничката Лина Тренкоска, активно учествуваа со свои дела на изложбата по повод “Денот на детето“ која се организираше во Тирана, Албанија.

                                       

Изолжба на тема „Инсекти“

Учениците од нашето училиште, под раководство на наставничката Лина Тренкоска, активно учествуваа на интернационалната изложба на тема „Инсекти“ на мал формат 15х15 цм, која се одржа во Велика Плана, Србија. 



Wednesday, December 25, 2019

Промоција на монографија посветена на ООУ „Коста Рацин“- Брвеница

По повод 100 годишнината од основањето на нашето училиште ООУ „Коста Рацин“ - Брвеница, се одржа промоција на монографија од нашиот почитуван колега Професор Бошко Богоевски како автор. 



Tuesday, October 15, 2019

Одбележување на „Детска недела“!

Во рамките на „Детската недела“ и оваа учебна година беа реализирани низа активности од страна на првачињата и нивните одделенски раководители. Преку различни игровни активности, спортски натпревари, презентации, приказни, цртање и песна првачињата беа запознати со нивните права и одговорности. Учениците уживаа во сите активности, се покажаа како многу вредни и успешни во зададените задачи.


Tuesday, October 8, 2019

ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ПО ПОВОД ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ


Во рамки на Европската недела на мобилност, на 16.09.2019 година, Здружението на граѓани Еко Логик, распиша ликовен и литературен конкурс на следните теми:
- Велосипедот од моите соништа
- Безбедност во сообраќајот во мојата околина
- Здрава животна средина е задача на сите. Како да ја зачуваме?

На овој конкурс со задоволство се приклучија учениците од нашето училиште, под менторство на наставничката Лина Тренковска.  Помеѓу најдобрите се најдоа нашите ученици Деспина Алексоска, IX одд.-наградена со второ место и Мелани Пишовска, VII одд.- наградена со пофалница. 



Wednesday, May 15, 2019

Ликовна изложба на тема "Народната култура како трајна инспирација во моето творештво"- Битола


На 44та државна изложба на детски ликовни творби на тема "Народната култура како трајна инспирација во моето творештво" во Битола, учениците од ООУ "Коста Рацин" - Брвеница, се избрани за НАЈДОБРА ЛИКОВНА КОЛЕКЦИЈА ,и две поеднинечни награди за најуспешни ликовни творби,од учениците Петар Новески и Ивица Пероски. 

Од останатите ученици беа изложени цртежите.





Thursday, May 2, 2019

Ликовна изложба- дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“

Oтварање на изложба по повод Јом Ашоа, во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.
Изложбата е дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“. 

Изложени се делата на ученикот Герардо Сиљаноски од ООУ " Коста Рацин" - Брвеница.



Wednesday, April 24, 2019

Велигденски базар

Традицијата на одржување базар, во пресрет на големиот празник Велигден, продолжи и годинава. Учениците во соработка со наставниците, но и со родителите, и денес ја покажаа својата креативност и активно учествуваа во подготовките и во реализацијата на овој настан.




Wednesday, March 20, 2019

Завршна сметка


Работилница- Нашиот крај има минато и традиција

Работилниците  се еден голем поттик во воспитно-образовниот процес, придонесуваат за развој на воспитниот триаголник наставник-ученик-родител и обезбедуваат трајни и применливи знаења за учениците. Една таква работилница денес реализираа одделенските наставници Наташа Ристоска и Снежана Анѓелкоска. 


Saturday, December 29, 2018

Учество на меѓународна изложба Мини - арт во Велика Плана во Србија

Ученици од нашето училиште по претходно распишан конкурс на слободна тема се избрани да се претстават со свои цртежи на меѓународната изложба Мини- арт во Велика Плана во Србија. 



Friday, December 21, 2018

Републичка детска изложба "Творење и креирање на дела од отпад".

Меѓу најдобрите изработени дела се делата од учениците од ОУ "Коста Рацин "- Брвеница и ООУ "Братство Миѓени "- Тетово, под менторство на одговорниот предметен наставник Лина Тренкоска. Секоја чест!

Одбележување на Патрониот празник на нашето училиште

Патрониот празник на нашето училиште, 22 Декември, денот на раѓањето на Коста Рацин, еден од основоположниците на современата македонска литература, беше одбележан со низа активности преку кои ученците под менторство на своите наставници подготвија пригодна програма во која подеднакво уживаа сите присутни. Пред почетокот на приредбата, се одржа Новогодишен базар, на кој учениците ги продаваа своите рачни изработки по симболични цени. Програмата започна со исполнување на химната од страна на учениците како топло добредојде на сите ценети гости, Директорката на училиштето, стручната служба, претставници на Општина Брвеница, претставници на училиштата од околината со кои реализираме долгогодишна успешна соработка, наставници, ученици, родители и сите присутни. Потоа следеа рецитали, драмски и музички точки, настап на играорната група на КУД од Брвеница. На крајот беа доделени благодарници на присутните гости. Како дел од активностите беше реализирана и ликовна работилница, во која учество зедоа ученици од нашето училиште, ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“- М.Брод, ООУ „Братсво Миѓени“- Тетово и О.У „Абдил Фрашери“- Боговиње.




Tuesday, December 18, 2018

Литературно читање- Активности за одбележување на патрониот празник

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, ОУ Коста Рацин организираше Литературно читање на тема "Животот и делото на Рацин" на кое со лични поетски творби се претставија нашите ученици и учениците од ОУ Братство Миѓени од Тетово. Првото и третото место ги освоија учениците од нашето училиште, петтоодделенците Никола Тодороски (прво) и Дамјан Ѓудиќ (трето), а второто место го освои ученичката Сања Денкоска од ОУ Братство Миѓени. Сите учесници добија пофалници за учество.

Monday, December 10, 2018

Гостување во училиштето "Св.Климент Охридски" од Македонски Брод

По повод патрониот празник на училиштето "Св.Климент Охридски" од Македонски Брод покрај многуте активности, се одржа и ликовна работилница (сликање врз вода) и поетско читање во кои учество зедоа ученици од ОУ "Коста Рацин " - Брвеница, со менторите Гоце Евгениевски,Лина Тренкоска и директорката Ружа Веселиноска

Wednesday, November 28, 2018

Детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на убавината и животот "

На меѓународната детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на убавината и животот ", први награди добија ученичките Сара Спасеноска и Марија Стојановска од ООУ "Коста Рацин" - Брвеница. Изложбата ја отвори заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Честитки за наградените ученици и уште многу успеси.