Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2022/23 година можете да ја погледнете тука во word документ, или во pdf форма.
Основно училиште "Kоста Рацин" с. Брвеница; ул. Браќа Стефановиќ бб; тел: 044-455-010; е-маил: веб страна: https:// kostaracin.blogspot.com
Thursday, September 1, 2022
Friday, June 4, 2021
Награда за Вело- стрип
По повод одбележување на интернационалниот ден на возењето велосипед, во организација на Вело Училишта, нашите ученици учествуваа на награден конкурс- Креирање на Вело стрип.
Нашата ученичка Сара Савова, од 9-2 одделение, под менторство на наставничката Лина Тренкоска, го освои првото место, во категорија на ученици од VI-IX одделение.
Целата објава можете да ја видите тука!
Friday, May 28, 2021
Државна изложба- „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, Битола
На 46-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ во Битола, нашето училиште освои награда за НАЈДОБРА КОЛЕКЦИЈА и поединечна ПРВА НАГРАДА за ликовното дело од Сара Савова од 9-2 одделение.
Tuesday, May 4, 2021
Најкреативни изработки од Велигденската изложба
Почитувни ученици,
многу сме задоволни и благодарни на Вашето учество на нашата заедничка Велигденска изложба. Секоја изработка беше посебна и интересна на свој начин, секој од Вас успеа долови дел од празничната атмосфера и да придонесе за нејзино збогатување.
Како најкреативни изработки во секоја од трите категории, преку online гласање беа избрани:
I категорија (I, II и III одделение):
1. Ева Стојановска II-1 одд.
2. Горјан Грујоски III-2 одд.
3. Милош Милошески II-2 одд.
II категорија (IV, V и VI одделение)
1. Андреј Димовски V-1 одд.
2. Матеј Србиноски VI-1 одд.
3. Андреј Момироски VI-1 одд.
III категорија (VII, VIII и IX одделение)
1. Викторија Костадиноска VIII-1 одд.
2. Емилија Новеска VII-1 одд.
3. Ненад Бошкоски IX -2 одд.
Честитки на најдобрите изработки!
Tuesday, April 27, 2021
Велигденска изложба
Wednesday, April 21, 2021
Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески
Friday, April 2, 2021
Недела за подигнување на свесноста за аутизам
Оваа недела во нашето училиште, во организација на наставничката Лина Тренкоска, беа реализирани низа активности со цел подигнување на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање и инклузија во образовниот процес и секојдневието.
Учениците се вклучија во креативна работилница на тема: „Симболот на бесконечност во боите на виножитото“.
Погледнете дел од нивните изработки:
Глорија Тодороска 7-1 одд.
Јована Крстевска 9-2 одд.

Monday, March 8, 2021
Monday, December 28, 2020
Ученички иницијативи
Активности инцирани и организирани од страна на ученците, а поддржани од наставниците за развој на демократска клима во нашето училиште.
На учениците од прво до трето одделение, кои следат настава со физичко присуство им беше презентирано едукативно видео за однесување за време на пандемија.
За учениците од четврто до деветто одделение, кои следат онлајн настава, беше одржан вебинар, на кој, како гости поканети од страна на учениците беа Доктор по семејна медицина и Психолог, кои одржаа едукативно предавање на теми поврзани со актуелната пандемија.
Thursday, November 26, 2020
Tuesday, September 15, 2020
Распоред на часови
1. Распоред и времетраење на часовите за онлајн настава
Sunday, September 13, 2020
Кодекс за однесување на учениците за време на online настава за учебната 2020/2021 година
Работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 часа дневно
Одморот по секој наставен час или активност трае 10 минути
Ученикот треба да го почитува распоредот на часови и времето на реализација на истите
Ученикот е должен на време да се вклучи и целосно да го следи часот
За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошки мерки утврдени во законот за основно образование
Сите отсуства ќе бидат евидентирани и за три неоправдани изостаноци ќе следат соодветни педагошки мерки
Доколку ученикот отсуствува пет работи дена, одговорен тим од училиштето е должен да го посети ученикот за да се утврдат причините за негово отсуство
За учениците кои немаат услови за следење на online настава ќе им бидат доставени печатени материјали
Доколку постојат лични или технички проблеми за не следење на наставата, ученикот е должен на време да го извести класниот раководител
Ученикот е должен редовно и навремено да ги изработи домашните и практичните задачи и да ги достави во електронска форма по насока од наставникот, а за учениците кои немаат услови, доставуваат во печатена форма
Проверката на знаењата ќе се изведува со физичко присуство со претходно утврден распоред
Училиштето изготвува распоред за проверка на знаење на учениците најдоцна две недели пред предвидените термини
Thursday, September 3, 2020
Monday, August 24, 2020
Ликовен конкурс- „Омилената приказна од А.С. Пушкин“- 2020.
Wednesday, August 5, 2020
Tuesday, August 4, 2020
Учество на детска ликовна работилница
Saturday, June 27, 2020
Изложба по повод „Денот на детето“
Изолжба на тема „Инсекти“
Tuesday, February 25, 2020
Wednesday, December 25, 2019
Промоција на монографија посветена на ООУ „Коста Рацин“- Брвеница
Friday, December 13, 2019
Tuesday, October 15, 2019
Одбележување на „Детска недела“!
Tuesday, October 8, 2019
ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ПО ПОВОД ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
Во рамки на Европската недела на мобилност, на 16.09.2019 година, Здружението на граѓани Еко Логик, распиша ликовен и литературен конкурс на следните теми:
- Велосипедот од моите соништа
- Безбедност во сообраќајот во мојата околина
- Здрава животна средина е задача на сите. Како да ја зачуваме?
Thursday, May 16, 2019
Wednesday, May 15, 2019
Ликовна изложба на тема "Народната култура како трајна инспирација во моето творештво"- Битола
Thursday, May 9, 2019
Thursday, May 2, 2019
Ликовна изложба- дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“
Изложбата е дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“.

















































