Sunday, April 23, 2023

23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право

Известување -

По повод 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право, НУ библиотека “Кочо Рацин” - Тетово на 25.04.2023 (вторник) во 12.00 часот, во големата сала на НУЦК “Иљо Антески Смок” -Тетово, ќе организира манифестација на која ќе бидат доделени наградите за најдобри поетски творби на учесниците.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Резултати од литературниот конкурс за најдобра поетска творба (Тема: Книгата – извор на знаењето)

ПРВА НАГРАДА
Наслов: „КНИГАТА Е ...“ автор РАХЕЛА СТЕПАНОСКА – шифра: „Бубалката“ - ОУ„Гоце Делчев“ – Тетово, Ментор- Милена Сибиноска
ВТОРИ НАГРАДИ
- Наслов: „ИЗРЕЖАНИ МИСЛИ“ – автор ТЕА РИСТОСКА шифра „Мечти“ ОУ „А.С. Ќиќиш“ -  Тетово – Ментор : Елизабета Стојческа
- Наслов: „МОЈАТА КНИГА“ – автор АМЕЛА ИСЕНИ шифра: „Моја книга123“ – ОУ „И. Темо“ с. Стримница – Ментор: Живана Ѓ.-Јовановска
ТРЕТИ НАГРАДИ
- Наслов: „КНИГА“ – шифра: „Мојата волшебна книга“ -автор: ЕМАНУЕЛ  
   ПЕТРОВСКИ - ОУ„Ф. Коница“ – Доброште, Ментор Соња Михајловска
- Наслов: „ КНИГАТА-ИЗВОР НА ЗНАЕЊЕТО“ – шифра „Сината Пеперутка“ – Автор 
  КАТЕРИНА ТОФИЛОСКА, Ментор – Марина Симовска
- Наслов: „ КНИГАТА-ИЗВОР НА ЗНАЕЊЕТО“ - шифра: „Сината пеперутка“ Автор: 
  МЕДИНА АБДУРАМАНИ, Ментор Наташа Петровска
ПОФАЛЕНИ:
ДАМЈАН КОСТАДИНОВСКИ - ОУ „А.Здравковски“ Јегуновце
ОМЕР ЗЕЈНЕЛОВИЌ - ОУ „Лирија“ Тетово
НЕРМИНА АЉУШИ - ОУ „К.и Методиј“ Тетово
ДАМЈАН МИХАЈЛОСКИ - ОУ „А.С.Ќиќиш“ Тетово
ПЕТАР СИБИНОВСКИ - ОУ „К.Пејчиновиќ“ Теарце
МИЛА МИХАЈЛОВСКА - ОУ „А.С.Ќиќиш“ Тетово
МИХАЕЛА БОЈЧЕВА - ОУ „Лирија“ Тетово
МЕЛАНИ НИКОЛОСКА - ОУ „Лирија“ Тетово
ЕРА МИСИНИ - ОУ “Ф.Коница“ Доброште
ЕМА КОЧОСКА - ОУ „А.С.Ќиќиш“ Тетово
ДУШИЦА НИКОЛОВСКА - ОУ „К.Пејчиновиќ“ Теарце
СИМОНА РИСТОВСКА - ОУ „7-ми Март“ Челопек
ЈАНА ЕВГЕНИЕВСКА - ОУ „К.Рацин“ Брвеница
ПАВЕЛ ЈОВАНОВСКИ - ОУ „Г.Делчев“ с.Теново
АЛЕКСАНДАР ЌИРОСКИ - ОУ „Г.Делчев“ Тетово
ЕЛЕОНОРА ЃОРЃЕВСКА - ООУ „Кирил и Методиј“ - Тетово
МАРИЈА СТОЈАНОВСКА – ООУ„Александар Здравкоски“ -
ЕМИЛИ АНДРЕЕСКА - ОУ „Г.Делчев“ Тетово
ЈАНА СТОЈАНОВИЌ - ОУ „Г.Делчев“ Тетово
ТЕОДОРА ВОЛЧЕСКА – ООУ „Кирил и Методиј“ - Тетово
ХРИСТИНА СТАМЕНКОВСКА - ОУ „7-ми Март“ Челопек

Честитки до наградените ученици и благодарност до сите кои со свои поетски творби учествуваа на конкурсот.

Tuesday, April 11, 2023

ЕКО- Активности

 Денес во ООУ ,,Коста Рацин" - Брвеница и подрачното училиште во Долно Седларце, во соработка со општината и компанијата Нулта-отпад се одржаа едукативни презентации за селектирање и собирање на електронскиот отпад и отпад од батерии. Учениците имаа можност да се запознаат со негативните последици од несоодветното одлагање на електронскиот отпад и колку е тој штетен за околината. Беше поделен едукативен материјал и садови за собирање на искористени батерии, а целта е да ја подигнеме јавната свест почнувајќи од најмладите, од кои очекуваме во иднина да станат одговорни граѓани.



















Thursday, March 23, 2023

Успешно реализиран меѓународниот натпревар " Кенгур" во нашето училиште.

Успешно реализиран меѓународниот натпревар " Кенгур" во нашето училиште.

Благодарност до активот на математичари и до наставниците тестатори кои се погрижија натпреварот да помине фер и професионално.

 Со нетрпение ги чекаме вашите резултати





 .

Wednesday, March 22, 2023

На час по хемија

 Учениците од VIII¹одд. на час по хемија. Употреба на индикатор со цел да видиме кои соединенија од секојдневието се киселини, а кој бази.









Материјали и видови материјали

 Во рамките на часот по природни науки на тема "Материјали и видови материјали" учениците од второ одделение беа во посета на фабриката за трикотажа "Антигона" во Брвеница, каде што  се запознаа со процесот на изработка на трикотажни производи, од волница до готов производ. После посетата на фабриката, учениците имаа работилница каде што самите дизајнираа и моделираа облека.
























Учениците од III¹ одд. го одбележаа 22 Март - денот на водата :)

 Учениците од III¹ одд. го одбележаа 22 Март - денот на водата :)