Детските права се човечки
права за деца. Конвенцијата за правата на детето од 1989 година е меѓународен
правен договор,со кој се признаваат посебните права на децата. Сите права се поврзани и сите се подеднакво важни-не може да им се одземат на децата. Децата
имаат право на: Заштита, Обезбеденост, Учество, Посебна заштита и одредби
УНИЦЕФ е единствената
организација конкретно наведена во Конвенцијата како извор на стручна помош и
совети. Со Конвенцијата за правата на
детето,овие права се утврдуваат во 54 члена и во низа „Факултивни
протоколи“,каде се наведуваат дополнителни права.Р.Македонија е потписник на оваа Конвенција односно ја ратификува во 1993.
- Секој на возраст под 18 г. ги има сите права од оваа Конвенција.
- Сите деца ги имаат сите овие права.
- Секое дете има право на живот,опстанок и развој.
- Децата имаат право на идентитет.
- Децата имаат право на приватност.
- Децата имаат право на игра,одмор и опуштање како и на учество во културно уметнички активности,ученичка заедница,детски парламент,извидничка организација
- Децата имаат право да го дадат своето мислење,а возрасните треба да го слушнат и да го сватат сериозно
- Децата имаат право на посебна грижа и помош,ако неможат да живеат со родителите.
- Децата имаат право на најдобра можна здраствена заштита,безбедна вода за пиење,хранлива исхрана,чиста и безбедна средина...
- Кога децата се посвојуваат најважно е што е најдобро за нив
- Децата имаат право на заштита од дискриминација
- Децата имаат право на слобода на вероисповед
- Децата имаат право на име
- Децата имаат право на националност, државјанство,образование
- Никој нема право да ги повредува децата нивната углед и чест
Покрај споменатите права секое
дете има одговорности.Најважна обврска на децата е редовно да го посетуваат
училиштето, да бидат примерни ученици,да ги почитуваат наставниците,да го
почитуваат мислењето на другите,да не ги повредуваат и навредуваат со своето
однесување другите деца.
No comments:
Post a Comment