На 04.03.2023 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение. На општинските натпревари од пријавени 1297 ученици, учествуваа вкупно 1152 ученици. Од нашето училиште, учениците од шесто одделение Давор Златески освои прво место, освојувајќи 100/100 поени , Дамјан Јанкулоски освои трето место, освојувајќи 85/100 поени. Нашите ученици ќе продолжат да се натпреваруваат и на регионалниот натпревар . Искрено се надеваме дека ќе освојат награди на регионалниот, а потоа и на државниот натпревар.
No comments:
Post a Comment