Tuesday, March 14, 2023

Литературен конкурс

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува Конкурс за најдобар есеј.


Ученици од основните училишта

Тема: „Јазикот наш денешен“.


Конкурсот трае до 10 април 2023 година.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на 5 мај 2023 година (Денот на македонскиот јазик), на огласната табла и на веб-страницата на Институтот, а наградите ќе бидат врачени на 28 јуни при одбележувањето на јубилејот, во рамките на Отворените денови на Институтот.


https://youtu.be/bHuEo4IOggs

Friday, March 10, 2023

Известување

 Почитувани родители, драги соселани!


 Денеска во просториите на општина Бервеница на барање на МВР и МОН,

  се одржа средба помеѓу:

 - Одделението за превенција при МВР, раководено од инспектор Мернуш Ферати, подрачна единица Тетово,

 - Сектор за внатрешни работи, подрачна единица Жеровјане, со претставници Накил Асани, раководител на сектор во ВБР и Игор Настовски - инспектор за превенција во ЈРМ.

 - Советникот за образование во општина Бервеница г.  Џелал Ахмеди,

 - Директорот на ООУ „7 Марси“, Јасин Река,

 - Директорот на ООУ „Гоце Делчев“ Африм Емурлаи,

 - Директорот на ООУ „Коста Рацин“, Гоце Евгениевски.


 Тема на денешната средба беше да се види  реалната состојба на училиштата во реонот  на општина Бервеница по неколкуте дојави  за бомби во училиштата ширум РМ, превентивните мерки што треба да ги преземат училиштата пред и по алармите за бомби, како и превентивните мерки кои МВР треба да преземе во случај на дојава за бомба.

  На средбата, инспекторот за превенција од подрачната единица на МВР Тетово, Мернуш Ферати, рече дека училиштата мора да бидат во постојана координација со надлежните државни институции, како општината и МВР, подрачната единица Жеровјане!

Тој истотака даде и насоки и препораки по кои ние како училиште треба да се водиме.

 Исто така, за безбедноста на училиштето, децата и вработените, тој ја нагласи и потребата што училиштата треба да ги преземат без одлагање, и тоа:


 1. Поставување видео надзор во сите училишта во општината и централно и подрачните училишта.

 2. План за евакуација.

 3. Континуирано присуство на полициски патроли во и околу училишните објекти.

 4. Забрана за влез на неовластени лица во просториите на училиштето.

 5. Забрана за влез на родители во училишните простории (можно е само со претходно барање - известување)  и тоа само пред училиштето, а никако внатре во училишните простории.

 6. Забрана за влез на возила во училишниот двор, освен за вработени.

 7. Запишување на автомобилски таблички на лица кои влегуваат во училиштето (неовластено) и доставување до управата на училиштето.

 8. Влезната врата на училиштето, од почетокот на првиот час до последниот час, треба да остане затворена.


 ОВИЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВЛЕГУВААТ ВО СИЛА ВЕДНАШ!


 Со почит,

 в.д. директор на ООУ „Коста Рацин“,

 Гоце Евгениевски

Monday, March 6, 2023

Oпштински натпревар по географија


На 04.03.2023 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение.                                                                                                                                     На општинските натпревари од пријавени 1297 ученици, учествуваа вкупно 1152 ученици.       Од нашето  училиште,  учениците  од шесто одделение  Давор Златески освои прво место, освојувајќи 100/100 поени , Дамјан Јанкулоски освои трето место, освојувајќи 85/100 поени.                                                                                                                                                                  Нашите ученици ќе  продолжат да се натпреваруваат и на регионалниот натпревар .          Искрено се надеваме дека ќе освојат награди на регионалниот, а потоа и на државниот натпревар.


Friday, March 3, 2023

Мурал во училишниот хол изработен од вредните раце на учениците од VIII и IX одд.

 На часовите по ликовно образование ученичките од VIII и IX одд.: Каролина Кузмановска, Сара Кузмановска,Стефани Симовска, Глорија Тодороска,Ангела Костадиноска и Валентина Стојаноска заедно со наставничката Лина Тренкоска изработија мурал во училишниот хол 10м х 3,5м
















































Wednesday, March 1, 2023

Tuesday, February 28, 2023

На час по предметот вештини на живеење

 Како дел од часот по наставниот предмет Вештини на живеење, со учениците од 8 и 9 одделение беше организирано предавање за прва помош. Предавањето го одржаа претставници од Црвениот крст - Тетово, со теоретска и практична демонстрација на основните чекори за пружање на прва помош на повредени лица. Учениците имаа можност да слушнат, видат и практично да стекнат вештини од оваа област. Учениците со посебно внимание и љубопитност го проследија предавањето.