Wednesday, March 30, 2016

СООПШТЕНИЕ

  • Тестирањето за деветто оделение ќе биде одржано на 07.06.2016 и на 10.06.2016

  • Прелиминарни резултати од тестирањето за деветто оделение ќе бидат објавени на         13.06.2016

  • Tестирањето за останатите ученици е ќе биде одржано  на 08.06.2016 и на 11.06.2016

Thursday, March 24, 2016

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на сите наставници и ученици дека екстерното тестирање за учебната 2015 - 16 год. ќе се одржи на 09.06.2016 год. 10.06.2016 год. 13.06.2016 год. и на 14.06.2016 год.

Wednesday, March 16, 2016

Училишен Квиз за подршка на учениците

Училишен Квиз за подршка на учениците

Целта е учениците да се мотивираат, стимулираат, и да се подржат во планираните  активностоте  за  постигнување.

 Преку постигнувањето кај нив се развива  стремежот за  самопотврдување и самодоверба , како и потребата-  почит од другите ,за  сопственото и колективно постигнување.
                За таа цел  во училиштето во делот Подржување на учениците со слаб успех ₍ученици со  три и повеќе од три слаби оцени₎ се реализираше квиз натпревар за кој самите ученици креираа прашања  со одговори по предметите по кои имаат слабо постигнување .Од  лепезата на тие прашања секој учесник  добиваше можност да одговара  на прашање  по сопствено барање  за предметот,  прашањата  им ги поставуваа  нивни соученици кои имаат одлично постигнување а се во улога на водители на квизот.Водителите   поставуваја прашања  по сопствен избор  од  доставените   прашања по бараните предмети .
Учениците ги разбраа и прифатија  барањата  и целта од активноста беше постигната.
        Согледувајќи ги придобивките од веќе реализираниот квиз, по  барање на учениците со  одлично постигнување од  VIII  и   IX одделение се реализираше квиз за   тие ученици.Организацијата и реализацијата на истиот беше  предложена од страна на учениците а активноста беше подржана и помогната од  наставниците, стручниот соработник и Директорот на училиштето.
Целтта покрај натпреварувачки карактер  беше  да даде  податок за ретенцијата и   квалитетот на научениот материјал.
Активноста во целост ја оправда очекуваната цел.
Квизовите не би биле квизови ако нема најдобри, во првиот квиз  најдобри резултати постигнаа учениците од   IX/1 одд, додека најдобар учесник беше  Сара Ставреска,  од вториот квиз се истакна   VIII/2 одд  а ученикот Радески Христијан  беше најдобар.
           Во двата квиза како стимулс ,одделенијата добија хамер и маркер додека поединците, книга и тетратка.