Monday, December 28, 2020

Ученички иницијативи

Активности инцирани и организирани од страна на ученците, а поддржани од наставниците за развој на демократска клима во нашето училиште.

На учениците од прво до трето одделение, кои следат настава со физичко присуство им беше презентирано едукативно видео за однесување за време на пандемија.

За учениците од четврто до деветто одделение, кои следат онлајн настава, беше одржан вебинар, на кој, како гости поканети од страна на учениците беа Доктор по семејна медицина и Психолог, кои одржаа едукативно предавање на теми поврзани со актуелната пандемија.

Mirjana испрати Вчера во 14

Sunday, September 13, 2020

Кодекс за однесување на учениците за време на online настава за учебната 2020/2021 година

 

  • Работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 часа дневно

  • Одморот по секој наставен час или активност трае 10 минути

  • Ученикот треба да го почитува распоредот на часови и времето на реализација на истите

  • Ученикот е должен на време да се вклучи и целосно да го следи часот

  • За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошки мерки утврдени во законот за основно образование

  • Сите отсуства ќе бидат евидентирани и за три неоправдани изостаноци ќе следат соодветни педагошки мерки

  • Доколку ученикот отсуствува пет работи дена, одговорен тим од училиштето е должен да го посети ученикот за да се утврдат причините за негово отсуство

  • За учениците кои немаат услови за следење на online настава ќе им бидат доставени печатени материјали

  • Доколку постојат лични или технички проблеми за не следење на наставата, ученикот е должен на време да го извести класниот раководител

  • Ученикот е должен редовно и навремено да ги изработи домашните и практичните задачи и да ги достави во електронска форма по насока од наставникот, а за учениците кои немаат услови, доставуваат во печатена форма

  • Проверката на знаењата ќе се изведува со физичко присуство со претходно утврден распоред

  • Училиштето изготвува распоред за проверка на знаење на учениците најдоцна две недели пред предвидените термини

Monday, August 24, 2020

Ликовен конкурс- „Омилената приказна од А.С. Пушкин“- 2020.


Во организација на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет, во Јуни оваа година беше организиран ликовен конкурс „Омилената приказна од А.С. Пушкин“- 2020. 

Под менторство на наставничката Лина Тренковска, на истиот учество зедоа нашите ученици со свои дела кои беа наградени со сертификат за учество.





 

Tuesday, August 4, 2020

Учество на детска ликовна работилница

На детската ликовна работилница "Народната култура - трајна инспирација во моето творештво", организирана од НУ Центар за култура од Битола, зедоа учество ученичките Викторија Костадиноска и Мелани Пишовска под менторство на наст. Лина Тренкоска. Работилницата се реализираше преку Zoom, предавањата беа 2 дена на теми: сликарски техники и народното творештво.



Saturday, June 27, 2020

Изложба по повод „Денот на детето“

Учениците од нашето училиште, под раководство на наставничката Лина Тренкоска, активно учествуваа со свои дела на изложбата по повод “Денот на детето“ која се организираше во Тирана, Албанија.

                                       

Изолжба на тема „Инсекти“

Учениците од нашето училиште, под раководство на наставничката Лина Тренкоска, активно учествуваа на интернационалната изложба на тема „Инсекти“ на мал формат 15х15 цм, која се одржа во Велика Плана, Србија.