На следниот линк може да ја погледнете Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2023/24 година.
Основно училиште "Kоста Рацин" с. Брвеница; ул. Браќа Стефановиќ бб; тел: 044-455-010; е-маил: веб страна: https:// kostaracin.blogspot.com
Wednesday, September 20, 2023
Monday, May 29, 2023
Фудбалски натпревари меѓу учениците од VI до IX одд.
Денес во Нашето училиште 🏫 започнаа фудбалските натпревари меѓу учениците од VI до IX одд.
Првиот натпревар го одиграа учениците од VI-1 и VI-2 одд. Натпреварот заврши со победа на учениците од VI-1 одд. со резултат 11 : 1 . Продолжуваме со натпреварите и во наредните денови.🏆⚽️🏃♂️
Thursday, May 25, 2023
Средба со писателката Јадранка Клисарова - обработка на лектирното дело ,, Децата од моето училиште"
Tuesday, May 23, 2023
24 мај - Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — државен македонски празник.
На 48 државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво„ - Битола, нашето училиште ја освои наградата за најдобра колекција, а ученичката Ева Радеска од IX¹одд. ја освои првата награда
На 48 државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво„ - Битола, нашето училиште ја освои наградата за најдобра колекција, а ученичката Ева Радеска од IX¹одд. ја освои првата награда.
На изложбата беа изложени ликовните дела на 23 ученици.
Честитки за учениците и наставничката Лина Тренкоска. 🖼🎨🥇
Голема благодарност до општина Брвеница и градоначалникот Јовица Илиевски за обезбедениот превоз за Нашите ученици. 🏫
Friday, May 19, 2023
Успешно реализирана ЕКО акција со учениците од IX одделение и Ученички парламент
Успешно реализирана ЕКО акција со учениците од IX одделение и Ученички парламент.
ООУ ,,Коста Рацин '' - Брвеница изразува голема благодарност до Купатилски елементи Драган - Опаш и Тобако АС за доделената донација. Како општествени и одговорни компании, а во насока на подобрување на животната и работната средина, без двоумење ни излегоа во пресрет. Со нивната донација на украсни дрва (Плав чемпрес ), училишниот двор ќе биде поубаво катче за престој на нашите ученици. Сигурни сме дека со ова нема да престане соработката со нив, туку ќе продолжи понатаму и со други проекти. Се надеваме дека ова ќе биде поттик за останатите компании во општина Брвеница, да дадат свој придонес за развој на училиштето и поубава средина за НАШИТЕ ДЕЦА. БЛАГОДАРИМЕ !!!!!!
Friday, May 5, 2023
Честит 5-ти мај- ден на МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА!
Честит 5-ти мај- ден на МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА!
Во мојата МАКЕДОНИЈА со КИРИЛИЧНА МАКЕДОНСКА азбука пишувам на мојот МАКЕДОНСКИ МАЈЧИН јазик!
На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Македонска азбука се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем.
Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков.
"Јазикот е наша најкомплетна татковина"-Блаже Конески:
"Мајчиниот јазик е потврда за сопствениот идентитет,за припадност кон едно парче земја..."-Крсте Петков Мисирков.