Friday, March 16, 2018

Посета на зелен пазар

Учењето и стекнувањето знаење може да биде интересно и многу забавно. Денешната посета беше токму тоа, улогата на зелениот пазар во местото на живеење по предметот Општество во корелација со Математика- мерење во килограми, со учениците од II-1 и II-2 одделение, со одделенските наставнички Снежана Анѓелкоска и Наташа Ѓорѓеска.




Wednesday, March 14, 2018

Работилница: „Од млеко до млечни производи“


Во соработка со родителите и одделенскиот наставник Силвана Гиноска, успешно беше реализирана работилница „Од млеко до млечни производи“.
Родителот Бобан Стојоски ја прифати поканата за учество во реализацијата на работилницата и учениците од IV одделение ги запозна со млекото како природен извор на витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена состојба, како и со производите кои се добиваат од млекото.
Родителот на практичен начин им презентираше како се прави сирење, учениците внимателно слушаа и набљудуваа, а на крајот ги вкусија готовите млечни производи.





Tuesday, March 6, 2018

Работилница „Вакцината- заштита на нашето здравје!“

На ден 27.02.2018 година, учениците од V1 и V2 одделение, одржаа работилница во соработка со родител на тема „Вакцината- заштита на нашето здравје!“. Во соработка со одделенските раководители Христина Јованоска и Јасмина Маркоска, родителот им демонстрираше вакцинација (постапка и начин на вакцинирање)  по претходно предавање за значењето и важноста на вакцината и вакцинирањето. Учениците активно учествуваа во работилницата со прашања што ги интересираа.




Monday, March 5, 2018

На 01.03.2018 година, одржана е работилница, во соработка со родителите, со наставна единица: „Добредојде Март“, на која учениците заедно со родителите изработуваа украсни алки и ликовни творби со разновиден материјали. Оваа работилница ја изведуваа учениците од 1-1 одделение со одделенскиот наставник, Татјана Ѓорѓевска во соработка со родители.



Sunday, March 4, 2018

Работилница: „Правењето тесто е интересно!“ (Соработка со родители)

На 23.02.2018 година, учениците од VII-1 и VII-2 одделение, одржаа работилница во соработка со родител на тема „Правењето тесто е интересно“. Во соработка со двете одделенски раководители Цветанка Илиевска и Христина Радониќ родителот им ја покажуваше на ученциите постапката за правење на тесто за кифли, перечиња, пица и слично.
Учениците активно учествуваа во работилницата правејќи форми од тесто. Истовремено на учениците им се објаснуваше за хранливата вредност на некои од состојките, како и кои состојки да ги одбегнуваат. На крајот на часот, секој ученик си доби кифла.




Училишен весник

Содржината на училишниот весник може да ја погледнете тука!