Екскурзии

Успешно реализирана наставно - научна екскурзија (мај 2023год.)  со нашите  ученици од Vl одд.

Реализацијата на оваа наставна екскурзија имаше општ воспитно – образовен карактер и цел повторување и утврдување на веќе стекнати знаења. Учениците со  усвоените знаења за минатото и сегашноста ќе придонесат во разгледување на вредносен систем за однесување кон својот народ и држава како и кон другите народи и држави и продлабочување интерес за понатамошно изучување на историските настани и процеси.

Задачите на екскурзијата беа поделени на:

Образовни:
- да се утврдат основните знаења за историските настани, појави, процеси и   
 личности од националната историја;
- да се запознаат со остатоците од нашето блиско и далечно минато и нивното  
значење;
- да се цени културното наследство на својот народ, а со тоа и другите народи  
кои живеат во овие простори;
-да се поттикнува чување, негување и презентирање на културните вредности.

Воспитни:
- развивање на љубов кон татковината и нејзините вредности;
- развивање интерес за природата и градење на еколошки навики;
- развивање љубов кон изучување на историјата;
- поттикнување и исполнување на позитивни и емоционални доживувања;
- социјализација и стекнување искуство за осамостојување и грижа за себе;
- градење чувство за патриотизам.

Активности на учениците за време на екскурзијата:
 -панорамско разгледување на градот Скопје, посета на спомен куќата на Коста Рацин- Велес, локалитетот Стоби, Дојранско Езеро, Колешински водопад, разгледување на градот Струмица, посета на Водочки манастир Св.Леонтиј и други знаменитости,
- разговори со кустоси, свештени лица, локално население и водичот,
 - забава и дружење.




























































 

No comments:

Post a Comment