Friday, June 4, 2021

Награда за Вело- стрип

 По повод одбележување на интернационалниот ден на возењето велосипед, во организација на Вело Училишта, нашите ученици учествуваа на награден конкурс- Креирање на Вело стрип.

Нашата ученичка Сара Савова, од 9-2 одделение, под менторство на наставничката Лина Тренкоска, го освои првото место, во категорија на ученици од VI-IX одделение.


Целата објава можете да ја видите тука!



Friday, May 28, 2021

Државна изложба- „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, Битола

На 46-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ во Битола, нашето училиште освои награда за НАЈДОБРА КОЛЕКЦИЈА и поединечна ПРВА НАГРАДА за ликовното дело од Сара Савова од 9-2 одделение.









Tuesday, May 4, 2021

Најкреативни изработки од Велигденската изложба

 Почитувни ученици,

многу сме задоволни и благодарни на Вашето учество на нашата заедничка Велигденска изложба. Секоја изработка беше посебна и интересна на свој начин, секој од Вас успеа долови дел од празничната атмосфера и да придонесе за нејзино збогатување.

Како најкреативни изработки во секоја од трите категории, преку online гласање беа избрани:

I категорија (I, II и III одделение):

1. Ева Стојановска II-1 одд.

2. Горјан Грујоски  III-2 одд.

3. Милош Милошески  II-2 одд.

II категорија (IV, V и VI одделение)

1. Андреј Димовски V-1 одд. 

2. Матеј Србиноски  VI-1 одд.

3. Андреј Момироски   VI-1 одд.

III категорија (VII, VIII и IX одделение)

1. Викторија Костадиноска VIII-1 одд.

2. Емилија Новеска VII-1 одд.

3. Ненад Бошкоски   IX -2 одд.


Честитки на најдобрите изработки! 

Tuesday, April 27, 2021

Велигденска изложба


Lina испрати Денес во 09:43
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, вредните раце на нашите ученици правеа велигденски изработки. Нашето училиште ќе ги наградува најдобрите изработки, и тоа во три категории:
I категорија - од 1 до 3 одд. II категорија- од 4 до 6 одд III категорија од 7 до 9 одд

Сите изработки на учениците ќе бидат поставени на следниов линк:


Гласањето за најдобра изработка ќе трае од 27 Април до 2 Мај.


Wednesday, April 21, 2021

Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески

Учениците од нашето училиште, под менторство на наставничкata Лина Тренкоска, зедоа активно учество на објавениот конкурс за ликовни и литературни дела инспирирани од делата на Блаже Конески.
Меѓу многуте творби, прво место освои ученичката Стефани Костадиноска од IX одделение. 



Friday, April 2, 2021

Недела за подигнување на свесноста за аутизам

    Оваа недела во нашето училиште, во организација на наставничката Лина Тренкоска, беа реализирани низа активности со цел подигнување на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање и инклузија во образовниот процес и секојдневието. 

    Учениците се вклучија во креативна работилница на тема: „Симболот на бесконечност во боите на виножитото“.

    Погледнете дел од нивните изработки:


Анамарија Младеновска 7-1 одд.


Глорија Тодороска  7-1 одд.



Стефани Костадиноска  9-2 одд.

Јована Крстевска  9-2 одд.


                                        

Јована Крстевска  9-2 одд.

Да го разубавиме аутизмот!
#Autismfriendlyschools    #OURCZlatanSremec    #oukostaracinbrvenica