Tuesday, October 15, 2019

Одбележување на „Детска недела“!

Во рамките на „Детската недела“ и оваа учебна година беа реализирани низа активности од страна на првачињата и нивните одделенски раководители. Преку различни игровни активности, спортски натпревари, презентации, приказни, цртање и песна првачињата беа запознати со нивните права и одговорности. Учениците уживаа во сите активности, се покажаа како многу вредни и успешни во зададените задачи.


Tuesday, October 8, 2019

ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ПО ПОВОД ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ


Во рамки на Европската недела на мобилност, на 16.09.2019 година, Здружението на граѓани Еко Логик, распиша ликовен и литературен конкурс на следните теми:
- Велосипедот од моите соништа
- Безбедност во сообраќајот во мојата околина
- Здрава животна средина е задача на сите. Како да ја зачуваме?

На овој конкурс со задоволство се приклучија учениците од нашето училиште, под менторство на наставничката Лина Тренковска.  Помеѓу најдобрите се најдоа нашите ученици Деспина Алексоска, IX одд.-наградена со второ место и Мелани Пишовска, VII одд.- наградена со пофалница.