Sunday, April 23, 2023

23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право

Известување -

По повод 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право, НУ библиотека “Кочо Рацин” - Тетово на 25.04.2023 (вторник) во 12.00 часот, во големата сала на НУЦК “Иљо Антески Смок” -Тетово, ќе организира манифестација на која ќе бидат доделени наградите за најдобри поетски творби на учесниците.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Резултати од литературниот конкурс за најдобра поетска творба (Тема: Книгата – извор на знаењето)

ПРВА НАГРАДА
Наслов: „КНИГАТА Е ...“ автор РАХЕЛА СТЕПАНОСКА – шифра: „Бубалката“ - ОУ„Гоце Делчев“ – Тетово, Ментор- Милена Сибиноска
ВТОРИ НАГРАДИ
- Наслов: „ИЗРЕЖАНИ МИСЛИ“ – автор ТЕА РИСТОСКА шифра „Мечти“ ОУ „А.С. Ќиќиш“ -  Тетово – Ментор : Елизабета Стојческа
- Наслов: „МОЈАТА КНИГА“ – автор АМЕЛА ИСЕНИ шифра: „Моја книга123“ – ОУ „И. Темо“ с. Стримница – Ментор: Живана Ѓ.-Јовановска
ТРЕТИ НАГРАДИ
- Наслов: „КНИГА“ – шифра: „Мојата волшебна книга“ -автор: ЕМАНУЕЛ  
   ПЕТРОВСКИ - ОУ„Ф. Коница“ – Доброште, Ментор Соња Михајловска
- Наслов: „ КНИГАТА-ИЗВОР НА ЗНАЕЊЕТО“ – шифра „Сината Пеперутка“ – Автор 
  КАТЕРИНА ТОФИЛОСКА, Ментор – Марина Симовска
- Наслов: „ КНИГАТА-ИЗВОР НА ЗНАЕЊЕТО“ - шифра: „Сината пеперутка“ Автор: 
  МЕДИНА АБДУРАМАНИ, Ментор Наташа Петровска
ПОФАЛЕНИ:
ДАМЈАН КОСТАДИНОВСКИ - ОУ „А.Здравковски“ Јегуновце
ОМЕР ЗЕЈНЕЛОВИЌ - ОУ „Лирија“ Тетово
НЕРМИНА АЉУШИ - ОУ „К.и Методиј“ Тетово
ДАМЈАН МИХАЈЛОСКИ - ОУ „А.С.Ќиќиш“ Тетово
ПЕТАР СИБИНОВСКИ - ОУ „К.Пејчиновиќ“ Теарце
МИЛА МИХАЈЛОВСКА - ОУ „А.С.Ќиќиш“ Тетово
МИХАЕЛА БОЈЧЕВА - ОУ „Лирија“ Тетово
МЕЛАНИ НИКОЛОСКА - ОУ „Лирија“ Тетово
ЕРА МИСИНИ - ОУ “Ф.Коница“ Доброште
ЕМА КОЧОСКА - ОУ „А.С.Ќиќиш“ Тетово
ДУШИЦА НИКОЛОВСКА - ОУ „К.Пејчиновиќ“ Теарце
СИМОНА РИСТОВСКА - ОУ „7-ми Март“ Челопек
ЈАНА ЕВГЕНИЕВСКА - ОУ „К.Рацин“ Брвеница
ПАВЕЛ ЈОВАНОВСКИ - ОУ „Г.Делчев“ с.Теново
АЛЕКСАНДАР ЌИРОСКИ - ОУ „Г.Делчев“ Тетово
ЕЛЕОНОРА ЃОРЃЕВСКА - ООУ „Кирил и Методиј“ - Тетово
МАРИЈА СТОЈАНОВСКА – ООУ„Александар Здравкоски“ -
ЕМИЛИ АНДРЕЕСКА - ОУ „Г.Делчев“ Тетово
ЈАНА СТОЈАНОВИЌ - ОУ „Г.Делчев“ Тетово
ТЕОДОРА ВОЛЧЕСКА – ООУ „Кирил и Методиј“ - Тетово
ХРИСТИНА СТАМЕНКОВСКА - ОУ „7-ми Март“ Челопек

Честитки до наградените ученици и благодарност до сите кои со свои поетски творби учествуваа на конкурсот.

Tuesday, April 11, 2023

ЕКО- Активности

 Денес во ООУ ,,Коста Рацин" - Брвеница и подрачното училиште во Долно Седларце, во соработка со општината и компанијата Нулта-отпад се одржаа едукативни презентации за селектирање и собирање на електронскиот отпад и отпад од батерии. Учениците имаа можност да се запознаат со негативните последици од несоодветното одлагање на електронскиот отпад и колку е тој штетен за околината. Беше поделен едукативен материјал и садови за собирање на искористени батерии, а целта е да ја подигнеме јавната свест почнувајќи од најмладите, од кои очекуваме во иднина да станат одговорни граѓани.