Tuesday, February 28, 2023

На час по предметот вештини на живеење

 Како дел од часот по наставниот предмет Вештини на живеење, со учениците од 8 и 9 одделение беше организирано предавање за прва помош. Предавањето го одржаа претставници од Црвениот крст - Тетово, со теоретска и практична демонстрација на основните чекори за пружање на прва помош на повредени лица. Учениците имаа можност да слушнат, видат и практично да стекнат вештини од оваа област. Учениците со посебно внимание и љубопитност го проследија предавањето.




















Monday, February 27, 2023

Годишен извештај за информации од јавен карактер за 2022година

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

 Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интереси политичките партии во делот на приходите и расходите(во натамошниот текст: иматели на информации).