Saturday, December 29, 2018

Учество на меѓународна изложба Мини - арт во Велика Плана во Србија

Ученици од нашето училиште по претходно распишан конкурс на слободна тема се избрани да се претстават со свои цртежи на меѓународната изложба Мини- арт во Велика Плана во Србија. 



Friday, December 21, 2018

Републичка детска изложба "Творење и креирање на дела од отпад".

Меѓу најдобрите изработени дела се делата од учениците од ОУ "Коста Рацин "- Брвеница и ООУ "Братство Миѓени "- Тетово, под менторство на одговорниот предметен наставник Лина Тренкоска. Секоја чест!

Одбележување на Патрониот празник на нашето училиште

Патрониот празник на нашето училиште, 22 Декември, денот на раѓањето на Коста Рацин, еден од основоположниците на современата македонска литература, беше одбележан со низа активности преку кои ученците под менторство на своите наставници подготвија пригодна програма во која подеднакво уживаа сите присутни. Пред почетокот на приредбата, се одржа Новогодишен базар, на кој учениците ги продаваа своите рачни изработки по симболични цени. Програмата започна со исполнување на химната од страна на учениците како топло добредојде на сите ценети гости, Директорката на училиштето, стручната служба, претставници на Општина Брвеница, претставници на училиштата од околината со кои реализираме долгогодишна успешна соработка, наставници, ученици, родители и сите присутни. Потоа следеа рецитали, драмски и музички точки, настап на играорната група на КУД од Брвеница. На крајот беа доделени благодарници на присутните гости. Како дел од активностите беше реализирана и ликовна работилница, во која учество зедоа ученици од нашето училиште, ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“- М.Брод, ООУ „Братсво Миѓени“- Тетово и О.У „Абдил Фрашери“- Боговиње.




Tuesday, December 18, 2018

Литературно читање- Активности за одбележување на патрониот празник

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, ОУ Коста Рацин организираше Литературно читање на тема "Животот и делото на Рацин" на кое со лични поетски творби се претставија нашите ученици и учениците од ОУ Братство Миѓени од Тетово. Првото и третото место ги освоија учениците од нашето училиште, петтоодделенците Никола Тодороски (прво) и Дамјан Ѓудиќ (трето), а второто место го освои ученичката Сања Денкоска од ОУ Братство Миѓени. Сите учесници добија пофалници за учество.

Monday, December 10, 2018

Гостување во училиштето "Св.Климент Охридски" од Македонски Брод

По повод патрониот празник на училиштето "Св.Климент Охридски" од Македонски Брод покрај многуте активности, се одржа и ликовна работилница (сликање врз вода) и поетско читање во кои учество зедоа ученици од ОУ "Коста Рацин " - Брвеница, со менторите Гоце Евгениевски,Лина Тренкоска и директорката Ружа Веселиноска