На меѓународната детска ликовна изложба "Флора и фауна - извор на
убавината и животот ", први награди добија ученичките Сара Спасеноска и
Марија Стојановска од ООУ "Коста Рацин" - Брвеница. Изложбата ја отвори
заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани
Макрадули. Честитки за наградените ученици и уште многу успеси.