Wednesday, February 7, 2018

Работилница: „Здрава храна. за детство без мана!“

Денес во нашето училиште, одделенскиот раководител Весна Видачек со своите ученици, во соработка со родителите успешно реализираше работилница на тема „Здрава храна, за детство без мана“. На учениците им беа посочени здравите намирници кои секојдневно треба да бидат дел од нивната исхрана, колку се тие важни за нивниот правилен раст и развој и во какви комбинации можат да си ги конзумираат секојдневно. 




Одбележување на светскиот ден за побезбеден Интернет

        По повод светскиот ден за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 06 Февруари, во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници со учениците од осмо и деветто одделение. Целта на овие работилници беше да се поттикнат учениците на позитивна промена на Интернет. Уште од најмлада возраст да превземат контрола врз својата дигитална благосостојба и да ги истражат начините т.е можностите кои Интернетот им ги нуди на позитивен начин. Преку овие работилници учениците исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн заедница влијае врз нив, како да се справат со различни притисоци онлајн, да креираат позитивни пораки и споделуваат почит додека се на Интернет.
За таа цел учениците следеа презентација со содржини кои ги поттикнаа на дискусии за темата. 
        Потоа, учениците добија задача за размислување за конкретни ситуации од нивното секојдневие на социјалните мрежи, кои требаше...

Monday, February 5, 2018

Посета на производствена фирма

Како дел од наставната програма по предметот Иновации, учениците од 9-то одделение реализираа посета на производствена фирма за мебел „Мебел Дизајн“ која се наоѓа во непосредна близина на нашето училиште. Таму на учениците им беше презентиран целиот производствен процес почнувајќи од компјутерско дизајнирање на мебелот, па изработка по фази низ различни машини и операции и на крајот изложување на истиот во изложбен салон. 
Учениците можеа практично да видат како изгледа едно претпријатие, негова структура, производствен процес (влез на суровини, обработка и излез на готов производ). Преку разговор со одговорните лица открија какви иновативни потфати превзема претпријатието за да постигне поголем профит, дали е дел од процесот на глобализација, кои се причините да истото биде поуспешно од својата конкуренција. Информациите кои ги добивме, учениците ги поврзуваа со знаењата што ги стекнаа за време на предавањата на училиште. Како задача, остана да изработат извештај за реализираната посета.




Учествуваме, одбележуваме, се забавуваме!

Дел од учениците од нашето училиште оваа учебна година беа дел во глобалниот настан т.н Дабар 2018. Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 1во одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Прашањата беа вистински предизвик за учениците кои беа наградени со уверенија за учество и покажани добри резултати.