Thursday, November 30, 2017

Работилница на тема „Берлин“ од часот по Германски јазик

Поради преголемата заинтересираност за германскиот јазик и главниот град Берлин, четворица ученици Ивана Даиловска, Јована Трпеска,  Ангела Даиловска и Стефан Марковски поддржани од наставничката по германски јазик Христина Радониќ, одржаа еден поинаков час по германски јазик,  се со цел сите ученици да се запознаат  со Берлин и неговите знаменитости на поразличен и интересен начин, а напоредно да ги извежбаат и изучените граматички целини.
По долго размислување како да тоа да се спроведе беа организирани неколку работилници, во кои учениците под раководство на главните ученици- организатори, работеа во групи. Во секоја група имавме различна активност. Во првата група одбравме неколку графити од Берлинскиот ѕид, а најталентираните уметници од нашето одделение имаа за задача да нацртаат по еден графит.  Таа активност беше успешно завршена и графитите беа одлични. Во втората група имавме цитати на познати личности од Берлин. Дел од нашите соученици преку цитатите го увежбуваа сврзникот „dass“ (дека). Во третата група употребивме ИКТ. Секој од групата имаше за цел да истражува на Интернет за одредена знаменитост како на пример Берлинскиот ѕид, Олимпискиот стадион во Берлин, Еврејскиот музеј и друго.Во четвртата група имавме сложувалка. Учениците добија зборови кои требаа да ги спојат со дадени слики.Тоа беа места во Берлин напишани на Германски, а требаше да се поврзат со името на сликата што ја претставуваа. Во секоја група избиравме по еден победник и победникот си доби симболична награда (молив). Набавивме и разгледници и знаменца на Берлин и ги поделивме на учениците, за да имаат по еден спомен од тој час. Покрај тоа што научивме многу интересни работи за Берлин, вкусивме и од традиционалната храна на Берлин - крофничките-Berliner.
Се на се ова беше многу интересен и различен час. Целта на часот беше исполнета и сите бевме среќени и задоволни.Се надеваме дека и во иднина ќе имаме можност да одржиме некој ваков интересен час.  






Предавање на тема: „Хигиена и грижа за нашите заби“

Преку предавање на нашиот гостин во училиштето- стоматолог, учениците имаа можност да слушнат и научат нешто повеќе за забите, како правилно да се грижат за нив и да одржуваат редовна хигиена. Хигиената значи и половина здравје, учениците се согласија со тоа, научија многу нови работи и дадоа ветување дека редовно и правилно ќе се грижат за своите заби. Со свои лични творби на темата, го збогатија училишното катче со песнички и цртежи кои ќе ги потсетуваат на она што го научија денес.








Monday, November 27, 2017

Ученички изработки од часот по „Проекти од информатика“

Вредните ученици од VIII-2 одделение, на часовите по Проекти од информатика, при реализација на темата „Проекти со програма за цртање“, ги реализираа следниве задачи:
-Цртеж на тема „Природни извори на енергија“ (Интеграција на ЕКО содржина во наставата)
-Фотомонтажа (Комбинација на цртеж и фотографија)
-Цртеж со забавна и едукативна содржина -Сложувалка
-Цртеж креиран преку графички трансформации на дадени објекти.
Дел од најдобрите ученички изработки се тука!




Училишен весник

Содржината на училишниот весник може да ја погледнете тука!

Одбележан „Меѓународниот ден на детето“

Детските права се човечки права за деца. Конвенцијата за правата на детето од 1989 година е меѓународен правен договор,со кој се признаваат посебните права на децата. Сите права се поврзани и сите  се подеднакво важни-не може да им се одземат на децата. Децата имаат право на: Заштита, Обезбеденост, Учество, Посебна заштита и одредби


Saturday, November 11, 2017

Работни активности во нашето училиште

Продолжуваме, фарбаме и подготвуваме игри за најмалите. Со заеднички труд придонесуваме за подобра училишна клима.Се за доброто на нашите дечиња!


Wednesday, November 8, 2017

ЕВН Волонтира!

На 31.10.2017 беше реализирана волонтерската активност во нашето училиште ОУ „Коста Рацин“ Брвеница, како дел од програмата за корпоративно волонтирање на ЕВН Македонија, ЕВН Волонтира! спроведена во соработка со здружението Конект. Тимот на волонтери од ЕВН КЕЦ Тетово составен од 16 волонтери со заеднички труд успеаа да бојадисаат 150 метри ограда од училишниот двор и да заменат 30 сијалици во училиштето. Волонтерите беа исполнети со тоа што со својот труд направиле нешто добро за нивниот регион, а нашите ученици и вработените во училиштето им се заблагодаруваат за оваа активност.


Thursday, November 2, 2017

„Halloween програмери“ од нашето училиште

Учениците од деветто одделение од нашето училиште оваа учебна година ги направија своите први чекори во програмирањето користејќи ја програмата Скреч.