Thursday, December 28, 2017

Патронен празник

О У ,,Коста Рацин“ - Брвеница  го одбележа Патрониот празник на своето училиште 22  декември,  денот на раѓањето на големиот македонски поет, револуционер Коста Рацин, основоположникот на современата македонска литература. Целиот настан беше проследен со поголем број на активности .Учениците со помош на своите наставници подготвија културно - уметничка програма со која се представија пред многубројните гости  и  локалната самоуправа.


Дедо Мраз дојде и кај нас!

„Цел месец го чекаа, 
песнички му пееја, 
стихови пишуваа 
и само за него зборуваа.
Ете денес дојде и тој час,
весел Дедо Мраз дојде и кај нас! 
Детските срца се стоплија, 
а неговите подароци 
насмевки измамија.„ 
Денес во нашето училиште не посети Дедо Мраз, кој со својата појава и позитивна енергија ги развесели не само најмалите ученици, туку и сите други во училиштето, учениците, родителите, наставниците и останатите вработени. Учениците беа среќни на оваа средба и ветија дека ќе бидат вредни и умни и во Новата година. Среќна Нова Година!!!



Wednesday, December 27, 2017

Новогодишни светлечки билборди!

Честитки до сите ученици и наставници од младите програмери- учениците од IX одделение!
Среќна Нова 2018 година!!!

На час по Програмирање!

Програмерите од IX одделение работеа на следниве теми:
- Електронски калкулатор
- Сцена од цртан филм (Алиса во земјата на чудата)
- Народно оро
како и многу други изработки по сопствена идеја. Резултатите може да ги видите подолу!


Thursday, December 21, 2017

Изложба во нашето училиште

„Една слика- милион зборови! 
Кога вредните ученици своите мисли на цртж ги редат, само успеси и пофалби ќе следат. “
Во чест на претстојниот Патронен празник на училиштето се одржа првата изложба на учениците од нашето училиште. Учениците под раководство на наставничката по Ликовно образование, ги подготвија своите најубави изработки кои беа изложени во училишниот хол.


Новогодишен базар во нашето училиште

Во пресрет на Новата година, на иницијатива на нашите вредни ученици во училиштето се одржа уште еден Новогодишен базар. Учениците под раководство на одделенските и класни раководители, во соработка со родителите, подготвија интересни изработки кои ги понудија по симболични цени на овој базар. На крајот задоволството се гледаше на лицата на сите учесници во настанот, трудољубивоста на учениците и нивната креативност навистина се скапоцен дар кој треба да се негува и поддржува. Среќни празници!