Thursday, February 29, 2024

Училишен весник

 

Почитувани читатели излезе првиот број од училишниот весник ОКОЛУ НАС.Членовите од новинарската секција при  ООУ Коста Рацин Брвеница  мотивирани и  амбициозно пристапија со уредување  на весникот со содржини кои ги интересираат учениците,нивните родители и поширокото опкружување.Станува збор за локален училишен весник со промовирање на реални содржини за сечиј вкус.


Wednesday, September 20, 2023

Годишна програма за работа на училиштето

 На следниот линк може да ја погледнете Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2023/24 година.

Monday, May 29, 2023

Фудбалски натпревари меѓу учениците од VI до IX одд.

 Денес во Нашето училиште 🏫 започнаа фудбалските натпревари меѓу учениците од VI до IX одд.

Првиот натпревар го одиграа учениците од  VI-1 и VI-2 одд. Натпреварот заврши со победа на учениците од VI-1 одд. со резултат 11 : 1 . Продолжуваме со натпреварите и во наредните денови.🏆⚽️🏃‍♂️














Thursday, May 25, 2023

Средба со писателката Јадранка Клисарова - обработка на лектирното дело ,, Децата од моето училиште"


Средба со писателката Јадранка Клисарова - обработка на лектирното дело ,, Децата од моето училиште". Третоодделенците од ООУ ,,Коста Рацин" денес реализираа онлајн средба  со писателката на лектирата, Јадранка Клисарова. На интересен начин се анализираа ликовите, настаните и поуките од расказите. Детската љубопитност и многубројните прашања беа одговарани од авторот и иницираа многу нови прашања.
Оваа книга е дел од листата на  изборни лектири за обработка за трето одделение.За таа цел учениците од третите одделенија имаа можност заеднички со неа да ја обработат лектирата.Дополнително се информираа и  за другите нејзини литературни дела.Голема благодарност до писателката Јадранка Клисарова за одвоеното време  и веруваме дека ваквата посета позитивно ќе влијае кај најмалите и ќе ја зголеми љубовта кон книгата и пишаниот збор.













 

Tuesday, May 23, 2023

24 мај - Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — државен македонски празник.


Св. Кирил и Св. Методиј Солунски биле родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија.Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот биле пронајдени  браќата и биле испратени меѓу Хазарите.  По извесно време се вратиле во Цариград, каде што ја составиле словенската азбука од триесет и осум букви и почнале да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.На повик од царот Ростислав заминале  во Моравија и таму ја распространиле и ја утврдиле  православната вера, па ги умножиле книгите и им ги дале  на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминалем за Рим, каде што Кирил се разболел и умрел, на 14 февруари 869 година.  Методиј се вратил во Моравија и до смртта  Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт -  6 април 885 година - нивните ученици на чело со Свети Климент Охридски како епископ, и Свети Наум Охридски, продожуваат со својот мисионерски пат.




На 48 државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво„ - Битола, нашето училиште ја освои наградата за најдобра колекција, а ученичката Ева Радеска од IX¹одд. ја освои првата награда

 На 48 државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво„ - Битола,  нашето училиште ја освои наградата за најдобра колекција, а ученичката Ева Радеска од IX¹одд. ја освои првата награда.

На изложбата беа изложени ликовните дела на 23 ученици.

Честитки за учениците и наставничката Лина Тренкоска. 🖼🎨🥇

Голема благодарност до општина Брвеница и градоначалникот Јовица Илиевски  за обезбедениот превоз за Нашите ученици. 🏫


















Friday, May 19, 2023

Успешно реализирана ЕКО акција со учениците од IX одделение и Ученички парламент

 Успешно реализирана ЕКО акција со учениците од IX одделение и Ученички  парламент.

ООУ ,,Коста Рацин '' - Брвеница изразува голема благодарност до Купатилски елементи Драган - Опаш и Тобако АС  за доделената донација. Како општествени и одговорни компании, а во насока на подобрување на животната и работната средина,  без двоумење ни излегоа во пресрет. Со нивната донација на  украсни дрва (Плав чемпрес ), училишниот двор  ќе биде  поубаво катче за престој на нашите ученици. Сигурни сме  дека со ова нема да престане соработката со нив, туку  ќе продолжи понатаму и со други проекти. Се надеваме дека ова  ќе биде поттик за останатите компании во општина Брвеница, да дадат свој придонес за развој на училиштето и поубава средина за НАШИТЕ ДЕЦА.   БЛАГОДАРИМЕ !!!!!!









Friday, May 5, 2023

Честит 5-ти мај- ден на МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА!

 Честит 5-ти мај- ден на МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА!

Во мојата МАКЕДОНИЈА со КИРИЛИЧНА МАКЕДОНСКА азбука  пишувам на мојот МАКЕДОНСКИ МАЈЧИН јазик!


На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Македонска азбука се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. 


Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков.


"Јазикот е наша најкомплетна татковина"-Блаже Конески:


"Мајчиниот јазик е потврда за сопствениот идентитет,за припадност кон едно парче земја..."-Крсте Петков Мисирков.