Tuesday, May 23, 2023

24 мај - Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — државен македонски празник.


Св. Кирил и Св. Методиј Солунски биле родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија.Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот биле пронајдени  браќата и биле испратени меѓу Хазарите.  По извесно време се вратиле во Цариград, каде што ја составиле словенската азбука од триесет и осум букви и почнале да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.На повик од царот Ростислав заминале  во Моравија и таму ја распространиле и ја утврдиле  православната вера, па ги умножиле книгите и им ги дале  на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминалем за Рим, каде што Кирил се разболел и умрел, на 14 февруари 869 година.  Методиј се вратил во Моравија и до смртта  Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт -  6 април 885 година - нивните ученици на чело со Свети Климент Охридски како епископ, и Свети Наум Охридски, продожуваат со својот мисионерски пат.




No comments:

Post a Comment