Thursday, August 30, 2018

Годишен извештај за работата на училиштето

Годишен извештај за работа на училиштето ,,Коста Рацин,, -Брвеница  за  учебната       2017/18 година                                                                                                                                                                                                                                                                                  
Годишниот извештај е изработен врз основа  на седумте клучни подрачја кои се однесуваат  на главните аспекти на работата на училиштето, базирани  на  присуство на индикаторите за квалитет кои пак се однесуваат на определени активности кои се следеа во училиштето во текот на учебна та 2017/18година.

Клучни подрачја
1.       Наставни програми
1.1   Реализација на наставните програми
Наставните програми на наставниците се изработени според наставните планови за поедини предмети дадени од Бирото за развој на образованието  за учебната 2017/18година.
Истите беа доставени до стручната служба во периодот од 25-30 /08 /2017 г.и   прегледани од страна на  директорот  и потпишани со што беа  одобрени за работа.
    Реализацијата на наставните часови се определени од планираните програми и се реализираат согласно  временската рамка. Три пати во текот на годината наставниците беа посетени од страна на стручниот соработник и директорот како и по еднаш од просветен инспектор или советник.
     Забелешки во работата на наставниците се доставени во записниците доставени до училиштето.Врз основа на забелешките за идната учебна година се планира поддршка и насока на наставниците во подобрување на  работата и надминување на пропустите . Годишните наставни програми во текот на годината беа надополнети со програма ИКТ , програма за домашна работа, дополнителна и додатна настава како и вклучување на активности кои ќе доприносат за подобрување на интегрираноста на учениците во мултикултурното живеење,програма за професионален и кариерен развој на наставниците.
Планираните активности во годишнате програми на наставниците  според  евиденцијата во одделенските дневници укажува на над 95%проценти  на реализираност.
1.2   Квалитет на наставните планови и програми
     Дадените теми во глобалното предвидување се концептирани во тематските  планирања  а тие пак се интегрирани со останати предмети со сродни содржини во интегрирани планрања од 1-5 одделение и со сродни наставани единици во рамките на истиот предмет од 6-9 одделение како процесни.Поголем дел од наставниците процесните планирања ги доставија во рамките на годишните планирања а еден дел ги доставуваат при крајот на месецот за наредниот месец. Сите наставници ги реализираа  наставните часови согласно планирањата преку кои успеаја да ги пренесат планираните знаења врз учениците согледувајќи од годишното постигнување на учениците.
1.3   Воннаставни активности
Во текот на наставната година одделенските раководители со учениците активно ги поддржуваа и ги реализираа активностите кои припаѓаа во рамките на воннаставни активности во рамките на паралелка или во склоп на училиштето.Воннаставните активности се евидентирани во одделенските дневници и реализираноста ги задоволува очекувањата.
2.       Постигнувања на учениците
2.1   Постигање на учениците
Постигнувањата на учениците  се во согласност на интелектуалните барања представени од  соодветните програми  кои соодвествуват на календарскта возраст на учениците групирани по одделенија. Постигнувањата се евидентират во евидентни листови периодично се доставуваат до стрчна служба. Учениците се оценети на тромесечие описно од 1- 6 , бројчано од 7-9 на полугодие описно од 1-3 бројчано од 4-9 , на трето тримесечие описно од 1-6 и бројчано од 7-9и на крај на учебна година бројчано од 4-9 и описно од 1-3.
Описите и бројчаното оценување во потполност одговараат на когнитивните постигнувања на учениците, според редовното следење како на наставниците така и извршените анализи врз добиените податоци во текот на годината од страна на стручната служба.
2.2   Задржување и осипување на учениците-движење на ученици
Во учебната 2017/18 продолжува движењето на ученици по неколку основи: Преселба во друго место на живење или доселба на семејствата на учениците.Промените во текот на оваа учебна година се:
По основ на  на доселба запишани се 2 ученика од прво до девето одделение , испишани по основ на преселба се  3 ученика.Поконкретни  податоци има во евиденцијата на стручна служба и во годишниот  описен извештај за крајот на учебната 2017/18 година.Крајот на учебната 2017/18 своето образование го завршија 423 ученика.               
2.3   Повторување на учениците
Учебната 2017/18 сите ученици го поминаа актуелното ниво на образование  и преминуваат во наредно одделение.

3.       Учење и настава
3.1   Планирања на наставниците
Во текот на учебната година најголем дел од  наставниците реализацијата на наставните часови ги реализираа  исклучиво  според планирањата односно дневните планирања и тоа операционализирани планирања со сите потребни барања . Посетите од страна на стручната служба и извештаите го потврдуваат тоа.
3.2   Наставен процес
Наставниот процес во текот на годината течеше во континуитет според календарот за работа.  
3.3   Искуства на учениците од учењето
Интелектуално- когнитивниот процес во текот на оваа учебна година кај учениците според добиените податоци од  следењата на наставниците  и изработените анализи од стручната служба даваат позитивни согледувања и позитивен трансфер во стекнатите знаења умеења и вештини кај учениците за што потврдуваат и споредбените и бројчани показатели.
3.4   Задоволување на потребите на учениците
      Во текот на 2017/18 година во училиштето има направено анкетирање на учениците, со цел да се увиди дали учениците подржуваат и применуваат пороци на денешницата:алкохол,дрога и недолична електронска социјална комуникација.Добиените податоци се доставени до стручната служба истите се обработени и резултатите не укажуваат на таква пројавност.
Наредната учебна година предвидена е спроведување анкета која ќе се детектира како  приоритет на училиштето за негов развој.
3.5   Оценување како дел од наставата
Оценувањето се одвиваше во континуитет и на крајот на учебнава 2017/18година се оценети сите  420 ученици.
Од  I –IX одд.средниот успех е 4,22.Од I-IIIодд.учениците се описно оценети,постигнувањата на учениците од IV-V одд.е 4,35,од VI-IX 4,08.
По оценки вкупно има 1847 петки,847 четворки,702 тројки и 293 двојки.
  На ниво на одделение постигнувањето е 4.43 во четврто,4.27 во петто,4.13 во шесто,4./08 во седмо,4.09 во осмо и 4.22 во девето.
   Во учебната 2017/18 спроведен беше редовниот инспекциски надзор-Училишна интегрална евалуација.Препораките ,оценката и извештајот е достапен кај директорот.
3.6   Известување за напредокот на учениците
  Известувањето за ученичкото напредување од страна на наставниците врз учениците е континуирано во текот на секојдневниот наставен процес во текот на поучувањето, преку техниките: усна информација, писмена информација,додека родителите во текот на годината се информирани за ученичкото напредување на одржаните родителски средби според планираниот календар за што постојат белешки во одд. дневник и стручнта служба.

4.Подршка на учениците
4.1Севкупна грижа за учениците
     Учебната 2017/18 година учениците ја завршија во целост под безбедносна и сигурносна контрола од страна на наставниците и раководниот орган во училиштето.
4.2   Здравје
Вакцинацијата на учениците се реализираше според картонот за имунизација. Преземени беа   превентивни  и информативни мерки и насоки  во училиштето кои превенираја појава на актуелни болести,зарази и слично.Систематскиот преглед се реализираже според програмата за I,III и VII одделение  во периодот април-мај.
Сите пројавени болести  кај учениците беа евидентирани и соодветно на препораките се делуваше.
4.3   Советодавна помош за понатамошно образование на учениците
Во периодот од   15 .05 до 05 /06 2018 г.  од страна на стручниот работник беше реализирана програма за професионална орјентација на деветооделенците  а воедно беа поддржани и сите средни училишта да го промовираат сопственото средно училиште во девето  одделение.Конкурсот за упис во средно училиште на време во периодот од     15 .05 до 05 /06 2018 г.  беше доставен до учениците во деветто  одделение.
5.Училишна клима
5.1 Училишна клима и односи во училиштето
      Во училиштето постои оптимална работна атмосфера. 
5.3   Еднаквост и правичност
Еднаквоста и правичноста се кодекс на оценување во склоп на годишнта програма на училиштето и во текот на целата учебна година оптимално се почитува забелешки нема.
5.4   Партнерски однос со родителите и лок. самоуправа
Родителите соработуваат со наставниците во насочување на децата а соработката во неколку наврати со локалната самоуправа е повеќе од задоволувачка учебната 2017/18 во смисла на задоволување на потребата за  греење на училиштето како и за покривање на потребите кои произлегуваат  од реализацијата на воннаставни активности.
6.Ресурси
6.1 Сместување и просторни капацитети
Учебната 2017/18  хортикултурално сеуреди просторот во училиштето како забелешка од интегралната евалуација. Поради недостаток на кабинетски простор учебната 2018/19 се планира изработка на проект за инфраструктурни измени на училишниот простор. 

6.2 Наставни средства и материјали
     Учебната 2017/18 година училиштето оптимално е снабдено со наставни материјали за непречено одвивање на наставниот процес.
6.3Обезбедување на потребен наставен кадар
    Наставниот кадар ги задоволува професионалните и стручни барања .

6.4Следење на потребите на наставниот кадар
Учебната 2017/18 година наставниците ги следеа обуките за воведување на програмата Кембрич во наставниот процес и се вклучува во проектот МИМО.
   Еден  наставник издаде две стручни книги од областа Историја и Географијата. Наставниците без исклучок учебната 2017/18 учествуваа на сите семинари кои беа организирани од БРО и МОН .
6.5 Финанасиско работење во училиштето.
     Учебната 2017/18 година оптимално ги задоволи финансиските барања и потреби на училиштето,доставена е Годишна завршна сметка.


               Брвеница                                                                                                   Директор,
21.06.2018г.                                                                                          Ружа Веселиноска


No comments:

Post a Comment