Friday, March 10, 2023

Известување

 Почитувани родители, драги соселани!


 Денеска во просториите на општина Бервеница на барање на МВР и МОН,

  се одржа средба помеѓу:

 - Одделението за превенција при МВР, раководено од инспектор Мернуш Ферати, подрачна единица Тетово,

 - Сектор за внатрешни работи, подрачна единица Жеровјане, со претставници Накил Асани, раководител на сектор во ВБР и Игор Настовски - инспектор за превенција во ЈРМ.

 - Советникот за образование во општина Бервеница г.  Џелал Ахмеди,

 - Директорот на ООУ „7 Марси“, Јасин Река,

 - Директорот на ООУ „Гоце Делчев“ Африм Емурлаи,

 - Директорот на ООУ „Коста Рацин“, Гоце Евгениевски.


 Тема на денешната средба беше да се види  реалната состојба на училиштата во реонот  на општина Бервеница по неколкуте дојави  за бомби во училиштата ширум РМ, превентивните мерки што треба да ги преземат училиштата пред и по алармите за бомби, како и превентивните мерки кои МВР треба да преземе во случај на дојава за бомба.

  На средбата, инспекторот за превенција од подрачната единица на МВР Тетово, Мернуш Ферати, рече дека училиштата мора да бидат во постојана координација со надлежните државни институции, како општината и МВР, подрачната единица Жеровјане!

Тој истотака даде и насоки и препораки по кои ние како училиште треба да се водиме.

 Исто така, за безбедноста на училиштето, децата и вработените, тој ја нагласи и потребата што училиштата треба да ги преземат без одлагање, и тоа:


 1. Поставување видео надзор во сите училишта во општината и централно и подрачните училишта.

 2. План за евакуација.

 3. Континуирано присуство на полициски патроли во и околу училишните објекти.

 4. Забрана за влез на неовластени лица во просториите на училиштето.

 5. Забрана за влез на родители во училишните простории (можно е само со претходно барање - известување)  и тоа само пред училиштето, а никако внатре во училишните простории.

 6. Забрана за влез на возила во училишниот двор, освен за вработени.

 7. Запишување на автомобилски таблички на лица кои влегуваат во училиштето (неовластено) и доставување до управата на училиштето.

 8. Влезната врата на училиштето, од почетокот на првиот час до последниот час, треба да остане затворена.


 ОВИЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВЛЕГУВААТ ВО СИЛА ВЕДНАШ!


 Со почит,

 в.д. директор на ООУ „Коста Рацин“,

 Гоце Евгениевски

No comments:

Post a Comment