Tuesday, April 11, 2023

ЕКО- Активности

 Денес во ООУ ,,Коста Рацин" - Брвеница и подрачното училиште во Долно Седларце, во соработка со општината и компанијата Нулта-отпад се одржаа едукативни презентации за селектирање и собирање на електронскиот отпад и отпад од батерии. Учениците имаа можност да се запознаат со негативните последици од несоодветното одлагање на електронскиот отпад и колку е тој штетен за околината. Беше поделен едукативен материјал и садови за собирање на искористени батерии, а целта е да ја подигнеме јавната свест почнувајќи од најмладите, од кои очекуваме во иднина да станат одговорни граѓани.



















No comments:

Post a Comment