Monday, November 27, 2017

Одбележан „Меѓународниот ден на детето“

Детските права се човечки права за деца. Конвенцијата за правата на детето од 1989 година е меѓународен правен договор,со кој се признаваат посебните права на децата. Сите права се поврзани и сите  се подеднакво важни-не може да им се одземат на децата. Децата имаат право на: Заштита, Обезбеденост, Учество, Посебна заштита и одредби



 
      УНИЦЕФ е единствената организација конкретно наведена во Конвенцијата како извор на стручна помош и совети. Со Конвенцијата за правата на детето,овие права се утврдуваат во 54 члена и во низа „Факултивни протоколи“,каде се наведуваат дополнителни права.Р.Македонија е потписник  на оваа Конвенција односно ја ратификува во 1993.




 
  • Секој на возраст под 18 г. ги има сите права од оваа Конвенција.
  • Сите деца ги имаат сите овие права.
  • Секое дете има право на живот,опстанок и развој.
  • Децата имаат право на идентитет.
  • Децата имаат право на приватност.
  • Децата имаат право на игра,одмор и опуштање како и на учество во културно уметнички активности,ученичка заедница,детски парламент,извидничка организација
  • Децата имаат право да го дадат своето мислење,а возрасните треба да го слушнат и да го сватат сериозно
  •  Децата имаат право на посебна грижа и помош,ако неможат да живеат со родителите.
  • Децата имаат право на најдобра можна здраствена заштита,безбедна вода за пиење,хранлива исхрана,чиста и безбедна средина...
  • Кога децата се посвојуваат најважно е што е најдобро за нив
  •  Децата имаат право на заштита од дискриминација
  • Децата имаат право на слобода на вероисповед
  • Децата имаат право на име
  • Децата имаат право на националност, државјанство,образование
  • Никој нема право да ги повредува децата нивната углед и чест


        Покрај споменатите права секое дете има одговорности.Најважна обврска на децата е редовно да го посетуваат училиштето, да бидат примерни ученици,да ги почитуваат наставниците,да го почитуваат мислењето на другите,да не ги повредуваат и навредуваат со своето однесување другите деца.

No comments:

Post a Comment