Thursday, November 30, 2017

Работилница на тема „Берлин“ од часот по Германски јазик

Поради преголемата заинтересираност за германскиот јазик и главниот град Берлин, четворица ученици Ивана Даиловска, Јована Трпеска,  Ангела Даиловска и Стефан Марковски поддржани од наставничката по германски јазик Христина Радониќ, одржаа еден поинаков час по германски јазик,  се со цел сите ученици да се запознаат  со Берлин и неговите знаменитости на поразличен и интересен начин, а напоредно да ги извежбаат и изучените граматички целини.
По долго размислување како да тоа да се спроведе беа организирани неколку работилници, во кои учениците под раководство на главните ученици- организатори, работеа во групи. Во секоја група имавме различна активност. Во првата група одбравме неколку графити од Берлинскиот ѕид, а најталентираните уметници од нашето одделение имаа за задача да нацртаат по еден графит.  Таа активност беше успешно завршена и графитите беа одлични. Во втората група имавме цитати на познати личности од Берлин. Дел од нашите соученици преку цитатите го увежбуваа сврзникот „dass“ (дека). Во третата група употребивме ИКТ. Секој од групата имаше за цел да истражува на Интернет за одредена знаменитост како на пример Берлинскиот ѕид, Олимпискиот стадион во Берлин, Еврејскиот музеј и друго.Во четвртата група имавме сложувалка. Учениците добија зборови кои требаа да ги спојат со дадени слики.Тоа беа места во Берлин напишани на Германски, а требаше да се поврзат со името на сликата што ја претставуваа. Во секоја група избиравме по еден победник и победникот си доби симболична награда (молив). Набавивме и разгледници и знаменца на Берлин и ги поделивме на учениците, за да имаат по еден спомен од тој час. Покрај тоа што научивме многу интересни работи за Берлин, вкусивме и од традиционалната храна на Берлин - крофничките-Berliner.
Се на се ова беше многу интересен и различен час. Целта на часот беше исполнета и сите бевме среќени и задоволни.Се надеваме дека и во иднина ќе имаме можност да одржиме некој ваков интересен час.  






No comments:

Post a Comment