Monday, February 5, 2018

Посета на производствена фирма

Како дел од наставната програма по предметот Иновации, учениците од 9-то одделение реализираа посета на производствена фирма за мебел „Мебел Дизајн“ која се наоѓа во непосредна близина на нашето училиште. Таму на учениците им беше презентиран целиот производствен процес почнувајќи од компјутерско дизајнирање на мебелот, па изработка по фази низ различни машини и операции и на крајот изложување на истиот во изложбен салон. 
Учениците можеа практично да видат како изгледа едно претпријатие, негова структура, производствен процес (влез на суровини, обработка и излез на готов производ). Преку разговор со одговорните лица открија какви иновативни потфати превзема претпријатието за да постигне поголем профит, дали е дел од процесот на глобализација, кои се причините да истото биде поуспешно од својата конкуренција. Информациите кои ги добивме, учениците ги поврзуваа со знаењата што ги стекнаа за време на предавањата на училиште. Како задача, остана да изработат извештај за реализираната посета.




No comments:

Post a Comment